ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Најдобрите и најлошите комбинации на мајки и ќерки според хороскопот

December 19, 2020 23:04
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Ретко кој семеен однос е толку интензивен колку што е помеѓу мајка и ќерка. Може да биде со голема љубов, но и со бројни караници. Констелацијата на хороскопските знаци игра важна улога. Како и кај љубовните, така и во врските меѓу мајките и ќерките има парови кои одлично функционираат заедно, но и оние кои имаат проблеми скоро секојдневно.

Лав и Водолија

Мајката Лав е роден водач. Таа ќе седи во родителскиот совет и ќе се бори за правата на своето дете. Меѓутоа, може да биде и многу забавна. Затоа не би чудело ќерката Водолија на првиот рок концерт да ја одведе мајката, која воодушевено ќе танцува во публиката.
Мајката Лав секогаш го сака најдоброто за своето дете, но исто така ѝ дозволува да има свој сопствен простор.

Рак и Рак

Кога мисли на својата мајка, ќерката родена во знакот Рак исполнета е со гордост. Имено, мајките Ракови се многу друштвени, со двете нозе цврсто стојат на земја, па со леснотија ги завршуваат своите работи. Сè додека тоа не изгледа (премногу) застрашувачко за ќерката, тогаш оваа комбинација е идеална.

Јарец и Скорпија

Скорпијата е перфекционист. Кога станува збор за воспитување, сакаат сè да направат како што треба и детално се подготвуваат за таа улога. Штом детето ќе ја види светлината, мајките Скорпии чувствуваат силна љубов која целосно ги преплавува.
Поради тоа на своите ќерки им ги простуваат недостатоците и поголемите грешки, кои себеси никогаш не би си ги допуштиле. За Јарците тоа е идеална мешавина на сигурност и слобода, која многу им треба.

Помеѓу овие комбинации на мајки и ќерки често може да има проблеми:

Лав и Риба

Луѓето родени во знакот Лав бараат многу внимание. Поради тоа Рибите се чувствуваат преплашени, бидејќи повеќе го сакаат својот мир. За да ги задоволи потребите на мајката, ќерката треба да има многу трпеливост. Иако тие многу се сакаат и чувствуваат љубов една за друга, нивниот однос е испреплетен со многу конфликти.

Овен и Девица

Во оваа констелација се среќаваат огнен знак (Овен) и земјен знак (Девица). Додека Девицата размислува пред да дејствува, Овенот ќе пролета со главата низ ѕид.
Mногу e напорно ако мајката е родена во знакот на Овен. Потребно е многу, многу, многу разговор – најдобро е да се најде заедничко хоби кoе ќе ги поврзe.

Рак и Стрелец

Луѓето родени во знакот на Стрелец имаат потреба за свој слободен простор повеќе од другите знаци. Кога некој ќе им го „земe воздухот за дишење“, Стрелците стануваат немирни и се повлекуваат.

Со тоа емотивните Ракови тешко можат да се носат: им треба многу љубов и внимание, затоа што секој потег го земаат при срце. Во таа констелација, двајцата мораат да се согласат на компромис за односот колку-толку да им е во ред.

Овен и Стрелец

Овде во семејството се среќаваат два огнени знаци – и тоа е експлозивно, исто како што и звучи. И мајката и ќерката имаат голема животна енергија и радост, затоа се во постојана потрага за забава и авантура.

Она што може да се развие во длабоко пријателство, мајка и ќерка, во детството е преполно со изливи на бес и разидување со размислувањата – што двете може да ги доведе до работ на очајот.

Next Post

По 18 часот празни кафеани, полни шеталишта и молови

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk