ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Меркел: Земјите од Западен Балкан имаат перспектива за членство во ЕУ

– Ние живееме за тоа и ќе направиме тоа да се случи, нагласи Меркел на Конгресот на Европската народна партија, што вчера и денеска се одржува во хрватскиот главен град.

November 21, 2019 14:09
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Би сакала да им порачам на земјите од Западен Балкан дека имаат перспектива за членство во Европската Унија, изјави синоќа во Загреб германската канцеларка Ангела Меркел, пренесе МИА.

– Ние живееме за тоа и ќе направиме тоа да се случи, нагласи Меркел на Конгресот на Европската народна партија, што вчера и денеска се одржува во хрватскиот главен град.

Таа порача дека ќе разговара со Франција за да се најде консензус околу францускиот предлог за реформи на процесот на преговори за членство во ЕУ, со цел да се создадат услови за што побрзо започнување на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија.

– Мора да разговараме со Франција и тоа треба да го сториме многу интензивно и да ги утврдиме елементите што треба да се подобрат и да се менуваат во процесот на проширување. Сакаме договор за тоа колку што е можно поскоро со цел да можеме да постигнеме напредок во конкретниот случај, изјави Меркел, нагласувајќи дека реформите во преговарачкиот процес ќе треба да им овозможат вистинска перспектива за членство на земјите од Западен Балкан.

Германската канцеларка потенцира дека ги поддржува плановите на хрватската Влада за одржување Самит ЕУ – Западен Балкан во целосен формат, додавајќи дека Германија смета оти перспективите за преговори за влез во Унијата на Северна Македонија и Албанија „ќе ја зајакнат геополитичката стабилност на историски нестабилниот Балкан“.

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на својот Конгрес во Загреб усвои Резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа, со која се повикуваат Европскиот совет и земјите членки на ЕУ да се заложат за носење позитивна одлука што е можно поскоро за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Поткопувањето на политиката на проширување може да доведе до зголемување на нестабилноста во непосредното соседство на ЕУ и да отвори простор за странски актери, чии активности можеби не се во согласност со вредностите и интересите не ЕУ, да остварат поблиска соработка со Северна Македонија и Албанија, се вели во документот, предложен од Хрватската демократска заедница (ХДЗ).

Во текстот се посочува дека неуспехот на ЕУ да одреди датум за старт на преговорите со Северна Македонија доведе до распишување предвремени избори во земјата и резултирало „со пад на кредибилитетот на оние што прифатија компромиси“. – Потребно е да се преземат сите напори за организирање на слободни, фер, демократски и кредибилни избори на 12 април 2020 година, се вели во Резолуцијата.

Документот, исто така, повикува да се охрабрат реформите во Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Маке

Next Post

Заев: Односите со ДУИ стабилни, за соработката по изборите ќе одлучат граѓаните

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk