„До крајот на годината ветувам:
Промоција на 5 пловни објекти на МВР
Исплата на бонус плата на вработените со остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2017 година
Намалени прекршоци во сообраќајот, година со најмалку жртви во сообраќајот
Промовирање на реконструкциите на ОВР Гевгелија и ОВР Крива Паланка
Оглас за прием на нови полициски службеници
Продолжуваме со градење на европски стандарди во полицијата согласно владините стремежи Европа да ја донесеме дома.“ истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.





