Осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева повторно се повикани на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.
– Бојан Јовановски – Боки 13 е повикна да даде исказ во понеделник напладне, а поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во вторник, потврдуваат за МИА од Обвинителството.
Во Обвинителството за организиран криминал вчера исказ во врска со случајот „Рекет“ дадоа и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.
Изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството за организиран криминал сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.
Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се сопственикот на 1 ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.
извор МИА