ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Премиерот Заев ја предводи владината делегација на Генералното собрание на ОН

September 21, 2019 08:49
in ДЕНЕС

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, и владина делегација во состав заменик претседател во Владата на РСМ за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, од 23 до 28 септември ќе учествуваат во работата на Генералното собрание (ГС) на Обединетите нации во Њујорк, кое оваа година се одржува по 74-ти пат.

Премиерот Заев и министрите во делегацијата ќе учествуваат во работата на форумите во рамките на четирите самити кои оваа година се организирани, во Самит за климатските промени, Самит за универзален пристап до квалитетни здравствени услуги, Самит за целите за одржлив развој и Самит за финансирање на развојот.

Програмата на премиерот Заев предвидува официјална средба со Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од Претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија, по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.

Интензивната програма на премиерот Заев и на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија на овој настан од глобални димензии, е исполнета и со голем број билатерални средби и учества на настани и дискусии во организација на шефови на држави или влади, како и во организација на тинк-тенк и други меѓународни организации и академски и медиумски институции.

Официјалното обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на Генералното Собрание на Обединетите Нации е предвидено за 28 септември, во претпладневната сесија.

 

Next Post

Дескоска: Не е нарушена безбедноста на прислушуваните материјали во зградата на СЈО

Discussion about this post

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk