ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дескоска: Не е нарушена безбедноста на прислушуваните материјали во зградата на СЈО

September 21, 2019 08:55
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за правда и член на ИО на СДСМ Рената Дескоска  вели дека не е нарушена безбедноста на прислушуваните материјали во зградата на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи републичкиот јавен обвинител ја презеде надлежноста и тој сега ја има формално грижата за тие материјали, во истиот сеф како што стоеле и досега.

„Јавното обвинителство кај нас е поставено хиерархиски. Согласно постојниот Закон за Јавното обвинителство, а тоа не беше сменето ниту во предлозите кои ги пуштивме во Собрание, републичкиот јавен обвинител има право да делегира предмети на конкретни јавни обвинители. Тоа не е нешто што тој прват го прави, тоа се случувало и во минатото додека бил републички обвинител Зврлевски и во други случаи. Тие ги водат предметите по доделување на републичкиот обвинител“, изјави  Дескоска во емисијата „360 степени“  на Телевизија Алсат.

Според Дескоска, не е спорно од правен аспект тоа што обвинителите се сместени во истата зграда на СЈО.

„Колку што знам тоа е зграда која што е доделена на СЈО, во орган во рамките на ЈО. Тоа е зграда во којашто се сместени обвинителите, во која што се наоѓаат предметите формално, материјалите, така што од тој аспект не станува збор за правно прашање, дека е нешто спорно од правен аспект, туку од практичен аспект веројатно одлучил обвинителот на тој начин да продолжат работите и тоа е апсолутно ирелевантно“, заклучи Дескоска.

Што се однесува до платите на вработените во СЈО, Дескоска вели дека се подготвени измени на Законот за јавнообвинителски службеници.

„Кога се формираше СЈО, се додаде нова глава во Законот за јавнообвинителските службеници, којшто го регулира статусот и правата на овие лица. Ставивме одредба дека покрај специјалниот јавен обвинител доколку не е избран, републичкиот обвинител одлучува за статусните права, за другите права на овие вработени“, потенцираше Дескоска.

Во однос на вработувањата по роднински и блиски врски во СЈО, Дескоска истакна дека дел од таа информација е невистинита и веќе била демантирана.

„Беше споменат Игор Милев, дека негов син работи во СЈО – тој воопшто нема син. Ме спомнаа мене дека маж на некоја моја братучетка била вработена во СЈО, јас ви кажувам дека тој не е вработен во СЈО, туку е вработен во МВР уште кога јас сум била студентка“, потенцираше Дескоска.

Таа дополни дека во дел од случаите, дека се вработени лица кои се деца на судии и обвинители, тоа не е уникатна ситуација во СЈО, но посочи дека треба да се бара начин да се спречи влезот. Таа, како што рече, би била задоволна доколку ДКСК по допрен глас или по пријава ги истражи овие случаи.


Извор МИА

Next Post

Твит за една убаа лозарка

Discussion about this post

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk