На својот Твитер профил, премиерот Зоран Заев објави линк до извадок од документарниот филм на Би-Би-Си за креаторите на лажни вести од Велес, кои светот ги осуди како штетни и деструктивни. Заев пишува:
Владата на Северна Македонија се спротивставува на дезинформациите во земјата. Претставивме сеопфатен нацрт-план за борба против дезинформациите. Отворени сме за соработка со сите заинтересирани сојузници.
Секоја демократија има обврска да им стави крај на дезинформациите, злоупотребата на информациите или злонамерните информации што ѝ нанесуваат штета на политичката атмосфера или шират конфузија и недоверба кај јавноста.
Медиумската писменост, поддршката на проверката на фактите, едукацијата на граѓаните за лажните вести, поддршката на саморегулирањето на медиумите се клучни алатки во војната против лажните вести. Зголемувањето на платите и зголемувањето на вработеноста ќе го запре учеството на младите луѓе во креирањето содржини што се лажни вести.
Ние ги поддржуваме платформите на социјалните медиуми да продолжат да работат на изнаоѓање одржливи решенија што ќе го сопрат ширењето лажни вести на социјалните медиуми. Соработката и комуникацијата со владите се важни.
The Gov. of North Macedonia is opposing the disinformation in the country. We presented a comprehensive draft plan for combating disinformation. We are open for collaboration with all interested allies.
➡️ https://t.co/Gq44IIW6sE https://t.co/fcr9ilMTct— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) September 21, 2019
Во својот Твит, премиерот го линкува и материјалот поврзан со промоцијата на Предлог планот за одлучна акција против ширење дезинформации и против напади врз демократијата.