Моќен говор на Грета Танберг, 16-годишната активистка од Шведска која го освои светот со својата посветеност и искреност, во борба против климатските промени. Таа говореше на самитот на ОН за климатските промени. „Сите вие доаѓате кај нас, младите, барајќи надеж. Како се осмелувате?!“ – рече Грета во своето емотивно обраќање.
https://www.facebook.com/nytimes/videos/477044316477397/?t=2
Говорот на Грета:
– Ова е сè погрешно! Јас не треба да сум тука. Треба да сум во училиште, на другата страна од океанот. Сепак, сите вие дојдовте кај нас младите луѓе за надеж. Како се осмелувате?! Ми ги украдовте моите соништа и моето детство со вашите празни зборови, а сепак јас сум една од среќните. Луѓето страдаат, луѓето умираат. Цели еко системи се распааѓаат.
Ние сме на почетокот од масовно истребување, а сепак вие збуровате само за пари и приказни за вечен економски раст. Како се осмелувате?! Вие нè изневеривте, но младите луѓе почнуваат да го разбираат вашето предавство.
Очите на сите идни генерации се вперени во вас и ако вие одлучите да не изневерите, јас ви велам – Ние никогаш нема да ви простиме!