ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев-Могерини: Стартот на преговорите ќе биде заеднички успех на Северна Македонија и ЕУ

September 23, 2019 10:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, веднаш по пристигнувањето во Њујорк, каде што ќе усчествува на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации, присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан, ја приреди високата претставничка за надворешна работи и безбедносни политики и заменик претседател на Европската Комисија, Федерика Могерини.

Премиерот Заев на вечерата во мисијата на Европската Унија во ОН, истакна дека само неколку недели остануваат до октомврискиот самит на Европскиот Совет, кога за Северна Македонија се очекува позитивна одлука за започнување на преговори со ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Во разговорот за време на вечерата, Заев истакна дека ова е клучен период за нашата земја и дека сите напори се фокусирани на тоа да се задржи позитивниот дух кај сите земји членки на ЕУ за поддршката за Северна Македонија да ги отвори преговорите со Унијата.

По добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 година, низата на последователни позитивни препораки од Европската Комисија и афирмативните заклучоци на Европскиот Совет во 2018 и 2019 година, како и заради остварените и признаени резултати, Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ без натамошно одлагање.

Стартот на преговорите ќе биде успех и на Северна Македонија и на ЕУ, како резултат на заедничките остварувања за време на предпристапниот процес, нагласи премиерот на вечерата со Могерини и шефовите на владите на земјите од Западен Балкан.

Учеството на владината делегација на 74-тото Генерално собрание на ОН, официјално започнува денеска со учеството во работата на самитите посветени на климатските промени и на универзална здравствена заштита.

извор: МИА

Next Post

Могерини: Преговорите со Северна Македонија и Албанија клучни и за ЕУ

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk