ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Петре Шилегов: Гасоводниот прстен околу Скопје е завршен

На панел-дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“ што се одржуваше во хотелот „Холидеј ин“, Градоначалникот Шилегов, нагласи дека во текот на минатата година завршена е секундарната мрежа, односно гасоводниот прстен околу Скопје, а со цевка е премината и реката Вардар од Карпош 4 до Влае.

September 24, 2019 20:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

На панел-дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“ што се одржуваше во хотелот „Холидеј ин“, Градоначалникот Шилегов, нагласи дека во текот на минатата година завршена е секундарната мрежа, односно гасоводниот прстен околу Скопје, а со цевка е премината и реката Вардар од Карпош 4 до Влае.

За Градот Скопје, додаде Шилегов, важно е да се влезе во процесот на терцијална гасификација, односно, достапност на гасот до домаќинствата.Тој потенцираше дека дел од производствените и индустриските капацитети се префрлени на природен гас, а префрлени се и сите топлани.

„Градот го основаше правниот субјект „Градски енергетски системи“, кој претендира да биде носител на енергетската политика на градот, и тоа во двата сегмента – во развојот на топловодната мрежа и нејзиното проширување и во развојот на гасификациската мрежа. Во градот има три топловодни мрежи кои опфаќаат делови од Центар, Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба и Бутел, но не се споени. Тоа е предизвик кој допрва ни претстои. Има и делови од општините Карпош, Чаир, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода, како и општините Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Сарај каде што е економски неисплатливо да ја прошируваме топловодната мрежа и токму во тие делови треба да навлеземе со терцијалната гасификација. Станува збор за густо населени подрачја каде што има индивидуално домување“, објасни Шилегов.

Тој додаде дека Градот Скопје е на став дека терцијалната гасификација мора да ја води градот и за нив јавно-приватно партнерство не е прифатливо.

„Искуствата кои ги имаме на Балканот зборуваат дека при јавно-приватно партнерство се бара поврат на инвестицијата во првите десет години, а првите десет години не се инвестициски циклус. Ако Градот Скопје или единиците на локална самоуправа не се креатори на енергетските политики може да ни се случи развојот на гасификацијата да се одвива во делови каде што веќе имаме топловодна мрежа. Тоа би бил поевтиниот начин за развој на гасификацијата, но погрешен начин, ако се има предвид дека како држава би требало да ни биде приоритет намалувањето на аерозагадувањето и доведувањето на евтин енергенс до што е можно поголем број корисници“, нагласи Шилегов на денешната трибина.

На прашање на „Мета“ до директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи кога најрано гасот може да дојде до граѓаните на Скопје, тој рече дека тоа ќе биде крајот на наредна година и почетокот на 2021 година.

„Мислам дека работите се движат во права насока и јас верувам дека тоа ќе биде брзо. Крајот на наредна година и почетокот на 2021 год, дистрибутивната мрежа ќе почне масовно да се гради, и не само во Скопје, туку истовремено во целата држава“, рече Реџепи.

ивор: МЕТА

Next Post

Признава ли Мицотакис дека Преспанскиот договор е во корист на Северна Македонија?

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk