ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прилепски „Комуналец“ доби ново возило за собирање и транспорт на рециклирачки отпад

Со финансиска помош на ЕУ, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп набави ново комунално возило со капацитет од 7+1 м3, чија вредност без ДДВ изнесува 61.494 евра. Со оглед на застарениот возен парк и на тоа што јавното претпријатие последен пат набавило ново возило пред десетина години, комуналното возило во многу ќе го олесни собирањето и транспортот на сите видови на рециклирачки материјали од домаќинствата.

September 24, 2019 20:00
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со финансиска помош на ЕУ, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп набави ново комунално возило со капацитет од 7+1 м3, чија вредност без ДДВ изнесува 61.494 евра.

Со оглед на застарениот возен парк и на тоа што јавното претпријатие последен пат набавило ново возило пред десетина години, комуналното возило во многу ќе го олесни собирањето и транспортот на сите видови на рециклирачки материјали од домаќинствата.

Градоначалникот Илија Јованоски напомена дека, покрај набавката на возилото кое во многу ќе ја олесни работата на прилепските „комуналци“, а ќе биде од полза и на граѓаните, во рамките на проектот „БИО – РЕАЛ“, ЈКП „Комуналец“ ќе добие и автоматска континуална преса од 50 тони.

„Наскоро ќе пристигне и новата хидраулична преса за пресирање на различен вид отпаден материјал, што ќе придонесе за намалување на волуменот на отпадот и за негово полесно пренесување. Општина Прилеп и ЈКП ‘Комуналец’ тука нема да застанат, бидејќи во буџетот за следната година планирани се средства за обновување на возниот парк на јавното претпријатие, што секако ќе биде од интерес на граѓаните на нашиот град“, потенцираше градоначалникот Јованоски.

„Со ова возило и со возилата кои во следниот период ќе ги набавиме со поддршка на локалната самоуправа, од една страна ќе обезбедиме поквалитетна услуга кон граѓаните, а од друга страна ќе овозможиме заштита на животната средина, подобрување на амбиенталниот воздух и подигање на квалитетот на услугите на повисоко ниво“, истакна Ирена Станковска, в.д. директорка на ЈКП „Комуналец“.

Вкупната вредност на новото комунално возило и автоматската континуална преса од 50 тони, изнесува 121.000 евра, а средствата од проектот „БИО – РЕАЛ“ се финансиска поддршка од програмата на Европска Унија „Интеррег – ИПА“, прекугранична соработка со Грција.

 

Next Post

Петре Шилегов: Гасоводниот прстен околу Скопје е завршен

Discussion about this post

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео НАСА на Јутјуб

Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

November 3, 2025

Премиера на театарската претства КОСА: Порои на бес

November 3, 2025

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk