ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Здруженија за заштита на животните со остра реакција кон несоодветното работење на стационарот во Штип

September 24, 2019 11:05
in ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здруженијата за заштита на животни Pro Anima Берово, Шепасти Ентузијасти Скопје и граѓанската иницијатива Кане Корзо Надеж, неодложно укажуваат на ужасните активнoсти на управата на Ветеринарната болница од Штип, на чело со ветеринарот Крсто Митев.

„Покрај долу споменатите пропусти од огромни размери, мора да ги спомнеме и сите случаи на еутанзирани кучиња, меѓу кои и 2 здрави единки што денес се брутално убиени без никакво тестирање и фрлени на депонија. Останатиот дел е состојбата на таканаречениот стационар… нема вода. Цистерната за вода која наводно ја полни ЈП Исар од Штип, повеќе недели е празна. Водата тамошните активисти со туби од дома или од чешмата која се наоѓа 100-200м од стационарот и ја качуваат нагоре по ридот. Во 21 век, да. Ова со цел да им се обезбедиме вода за пиење секој ден на кучињата кои се горе. Кофите за вода од кои пијат кучињата се позеленети од што нема каде да се измијат. Се подразбира дека детергенти или било какво средство за чистење/дезинфекција нема.

Изметот на кучињата го собираат со раце секој ден. Затоа што, никој се нема појавено со недели да ги испере кафезите и просторот каде што се наоѓаат кафезите.

За секој поминат ден (24 часа) како “функционира” стационарот, односно за “надзор и одржување” Ветеринарна станица – Штип наплаќа по 1350 денари + ДДВ. Во ова не влегува трошокот за обезбедување на храна и вода или било каков трошок за лекување, кој Ветеринарна станица – Штип го наплаќа ПОСЕБНО (во прилог извадок од понудата). Моментално ова го прават само 2 девојки доброволно, иако Ветеринарна станица – Штип има ангажирано лице кое го плаќа 6000 денари месечно да го прави сето ова.

Кучињата кои се останати горе сè уште се сместени во кафези оградени и покриени со лимови. Направен е смешен обид да се изѕида ѕид околу кафезите. Стационарот функционира во ваква состојба и покрај добиените насоки од АХВ за негово подобрување. Ништо не е преземено оттогаш, чекаат да залади. Во меѓувреме почина штотуку стерилизирано куче од топлотен удар. Лицето кое работи за Ветеринарна станица – Штип проба и сè уште пробува да го сокрие ова.

Директорот на Ветеринарна станица – Штип е стар член на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија. Сопругата на Крсто Митев е вработена во локалниот огранок на АХВ во Штип. Внукот негов е директор на Клиничката болница во Штип, а братучетка му, мајката на внукот, работи во Полициската станица во Штип. Дали можеби овие релации се причината поради која ништо не се презема и покрај многуте реакции“, стои во дописот на овие организации за заштита на животните.

Тие бараат најстрога казна за ветрениарот Крсто Митев, а од државата и Општина Штип, да се поништи одлуката за доделување на тендерот на Ветеринарна станица – Штип и да се распише нов, како и да се адаптира  стационарот според Правилникот за ваков тип на објекти.

 

Next Post

Околу 3 милиони евра за нов колекторски систем, за заштита на Охридското езеро.

Discussion about this post

НАЈНОВО

Мицкоски повика сите што имаат докази за злоупотреби на ИПАРД да ги достават

November 13, 2025

Украина заедно со САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи

November 13, 2025

„Зелено светло“ за измени на Законот за правата на помалите заедници – оди на пленарна седница

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk