ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев на Twitter: Поддршка од Шпанија за старт на преговорите на Северна Македонија

Од Њујорк пристигна поддршка и од Стејт Департментот

September 26, 2019 12:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премерот Зоран Заев на својот Twitter профил му се заблагодари на шпанскиот премиер Педро Санчез, за поддршката што Шпанија ѝ дава на Северна Македонија за членство НАТО и интеграцијата во ЕУ.

„Силна поддршка од Шпанија за членство во НАТО и нашата интеграција во ЕУ….Со нашиот пријател, премиерот Санчез. Се радуваме на сојузништвото кое претстои. Му посакав успех на изборите на 11 ноември“, напиша Заев на Twitter.

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров остварија средба и со високите претставници на Стејт Департментот на САД,
помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник
за Западен Балкан Метју Палмер, на маргините  на 74. Генерално собрание на ОН во Њујорк.

На средбата, Заев, како што соопштија од владата, истакнал дека Северна Македонија е целосно фокусирана во овој период на обезбедување датумот за старт на
преговорите со ЕУ во октомври, како и за напредок во ратификацијата на
Протоколот за пристапување во НАТО – двете стратешки цели за државата за
чие остварување САД дадоа огромен придонес. Овие цели за Северна Македонија произлегуваат и од Договорот за стратешко партнерство со САД, во кој евро-атлантските интеграции на земјата се приоритет за обезбедување на стабилноста и сигурноста на земјата, како и на регионот.

Претставниците на Стејт Департментот се интересирале и за актуелните политички случувања во нашата земја. Тие, како што информираат од владата, ја нагласиле нивната и поддршката на САД, во спроведувањето на реформите, особено во делот на правната држава, владеењето на правото и борбата против корупцијата, како прашања од важност за да се оствари очекуваната цел – датумот за старт на преговорите со ЕУ, што е од интерес и
на САД.

Извор: Twitter 

 

Next Post

Случајот „Тортура“ одложен за 9 октомври

Discussion about this post

НАЈНОВО

Фото: ЕПА/МИА

Калас: Русија се обидува да ги блокира спроведувањето на санкциите од САД со план за Украина

November 21, 2025

Зеленски: „Украина е пред најтешкиот избор – достоинство или губење на клучен партнер“

November 21, 2025

УНИЦЕФ: Од почетокот на прекинот на огнот во Газа убиени се 67 деца

November 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Дуа Липа снимена во бикини покрај базен во Рио де Жанеиро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Персоналот на Меган Маркл мора да ја најавува со целата титула кога влегува во просторија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Која е Фатима Бош, новата Мис Универзум што ја разниша сцената?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обилни дождови ја погодија Грција: Поплави и големи штети на Крф и во Јанина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk