Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Дневната температура ќе се движи од 21 до 28 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневната температура.
Извор: МИА