Бројот на жртви од силниот земјотрес на истокот во Индонезија порасна на 23 лица, соопштија индонезиските власти.
Агенцијата за вонедни ситуации информираше дека најголем дел од жртвите загинале за време на рушење на куќите и зградите.
Покрај тоа, во земјотресот повредени се над 100 лица, пренесе „АП“.
Оштетени се најмалку 117 куќи и згради, а околу 15.000 луѓе се сместени во привремени живеалишта.
Земјотесот што вчера го погоди Амбон беше со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала.
Извор: МИА