ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Секој ден в раце го качува 15-годишниот син со мускулна дистрофија на физиотерапевт

Ване секој ден се моли да не му падне детето

September 27, 2019 12:33
in СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Ване Петридов (45) од Неготино мора секој ден на раце да го носи својот 15-годишниот син Василие до вториот кат на зградата за да стигне до физиотерапевтот, за да ги направи вежбите кои му ја олеснуваат Душеновата мускулна дистрофија од која боледува.

„Зошто зградата нема лифт“, е честото прашање на Василие, кое му го поставува на неговиот татко Ване, кога го гледа како се мачи по скалите со него.

„Оти зградите во Неготино се ниски, е вообичаениот одговор на Ване. А тој го моли Бога да издржи до втори кат за случајно да не му се лизне синот од раце и да се повреди.

„Понекогаш нема осветлување па морам да користам светилка од мобилен кога се искачувам“, вели Ване. И така речиси 10 години откако му е дијагностицирана ретката болест на Василие.

А кога се родил Василие воопшто не оддавал впечаток дека по пет години ќе биде токму тоа едно од 33.000 родени машки деца, кај кое се појавува оваа ретка болест. Женските деца ја немаат, но тие може да се носители на болеста.

„Развојот на Василие до неговата петта година е нормален и без некои посериозни здравствени проблеми. Во овој период со наполнети пет години ги забележавме првите симптоми,  но не знаевме дека се работи за сериозно ретко заболување. Почна тешко да ги качува скалите во нашиот дом. Додека се шетавме, често се случуваше да падне. Секогаш сакаше некој од нас, дали јас или мајка му Весна, да не држи за рака за негова подобра сигурност. Трчаше некако тромо и движењето, односно одот, почна да му биде на прсти. Влегувањето во автомобилот исто така му беше отежнато. Сето оваа не наведе да направиме педијатриски преглед. Воопшто не претпоставувавме дека е нешто сериозно. Мислевме дека ќе бидат потребни некои вежби или исхрана и друго, се присетува таткото Ване.

Кога лекарот во Скопје им кажал дека се работи за мускулна дистрофија, родителите на Василие се замислиле оти првпат слушнале за болеста. Проблеми како Василие имал и синот на сестрата на Весна, Давид, и тие им кажале на родителите на што се сомнева лекарот и дека можеби и нивниот син има таква болест. Кога стигнале дома почнале да читаат на Интернет за мускулна дистрофија.

„ Не верувавме на своите очи, се убедувавме дека ништо од сето тоа не е вистина. Видовме дека болеста има многу типови од кој најзастапен и најсериозен е Душен. Едноставно око не склопив, ниту мојата сопруга Весна. Се раздени дојде 8 часот и сите се упативме во клиниката. Таму само се потврдија мислењата на доктор Зафировски и што е најтрагично не само за мојот син Василие туку и за Давид, синот на сестрата на мојата сопруга. Несреќниот момент во нашето семејство се удвои. Се чувствував празно. Сите планови, идеи, замисли, намери, исчезнаа. Низ глава ми се вртеше зошто баш нас. Дали нешто згрешив. Што и како понатаму. Милион прашалници и еден сосема друг правец на животот од тој момент, раскажува Ване.

Извор: МИА

Next Post

Новиот агитпроп шеф, неговиот заменик, неутралците и останатите

Discussion about this post

EVN

НАЈНОВО

СИРИЗА бара Грција да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел

December 11, 2025
Скриншот

Судење „Пулс“: Одбраната со серија критики до Обвинителството, тврдејќи дека немале надлежност за објектот

December 11, 2025
фото: скриншот Х

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска првпат пред суд, му се заканува смртна казна

December 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шарлиз Терон „го запали“ Интернетот со младешкиот изглед – Што велат експертите, а што вели таа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Црни вдовици“ – скандали со фиктивни бракови во Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Македонија ќе прими мигранти од Велика Британија? Дилемите растат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британија плаќа, Скопје прифаќа – Мигрантите доаѓаат, а државата губи контрола!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk