Секој со својот систем. Ние го очекуваме зеленото светло од нашиот претседател на Републиката. Како и секогаш, ние многу споделуваме со нашите германски партнери за оваа тема. Имаме добар став кон вашата земја и кон сите напори што таа ги направи на регионален план. Ние, Французите и Германците многу добро знаеме дека треба уште многу, многу работа за реформите што се на хартија да станат реформи во реалност. Ќе направиме еден убав коктел меѓу реалноста и она што значи добар прием. Реалноста која треба да се поправи и дополни и секако она што ние го очекуваме, а тоа е добар прием од наша страна, изјави Тимоние. Додаде дека 27 држави од ЕУ ќе дискутираат, може да се донесат добри одлуки, но тоа значи дека е потребна дискусија, многу дебатирање и многу компромиси.
Францускиот амбасадор Тимоние денеска беше во посета на гимназијата „Јосип Броз Тито” во Битола.
Извор: МИА