Членот на Бундестагот, Јосип Јуратовиќ, по синоќешната позитивна одлука на германскиот парламент на С. Македонија да и се одреди датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, вели дека наредниот Јуратовиќ: Ќе му кажам на Макрон зошто С. Македонија треба да почне преговори со ЕУ чекор е да му се објасни на францускиот претседател, Емануел Макрон, зошто и Париз треба да даде „зелено светло“.
„Ќе учествувам на Парламентарното заседание на Советот на Европа каде ќе се обрати и г-динот Макрон. Ќе се обидам да дојдам до збор, за тоа барем ја имам поддршката на моите колеги. Ќе го предупредам претседателот Макрон за сериозната ситуација на Западен Балкан и колку е важно С. Македонија, но и Албанија да добијат зелено светло за пристапни преговори зашто тоа е многу важно не само за мирот и стабилноста на Западен Балкан, туку и за цела Европа. Балканот е двор на ЕУ и не може да ни биде сеедно како таму се одвивааат работите“, вели Јуратовиќ во интервјуто за „360 Степени“.
Извор: 360 степени