Ирена Лозана, мајка на дете со аутизам, задоволна од услугата и приемот на медицинскиот персонал го сподели позитивното искуство на својот Фејсбук профил:
„Ноќеска имав едно невообичаено искуство… Моето дете со аутизам си ја дупна главата и тргнавме на ургентен да ја сошиеме. Од искуствата по нашите болници очекував да има плачење, тегнење и држење со сила :(((.
Ама кога дојдовме на ургентно хирургија во државна во 23:00 часот и кога им кажавме дека детето има аутизам, за мое и зачудување на сите со мене докторката докторот и сестрата ни понудија дали сакаме да го донесеме во друга соба, не прашаа дали ни треба нешто посебно, и сите пристапија кон моето дете со комплетна свесност дека со него ќе треба поинаку.
Главата ја сошивме со 4 конци без да осети дека нешто му се случува, докторката што го шиеше се претвори во алпинист за да фати подобар агол за да го сошие а да не го вознемири. Завршивме за 25 минути. Со насмевка на неговото лице дека ќе дојде пак да ги види. Излеговме од таму подзаќутени бидејќи не ни се веруваше дека се случи тоа што се случи.
Ова беа луѓе кои работат во лоши услови, со гужви и пренатрупаност со пациенти….но јас вчера се почувствував како да сум во некоја од земјите за кои само слушаме дека има инклузија и дека со пациентите со поинаквости се однесуваат адекватно 🙂
Системот ни е таков каков што е, но вчера овие здравствени работници сами решија дека ја имаат можноста да одговорат прекрасно…бидејќи и покрај се тие знаат дека тие се одговорни за својот придонес во нивниот живот и сите што ќе ги допрат во својот живот :)))
Бескрајно им благодарам на сестра Сенада Куртовиќ, докторка Ермира Беџети и доктор Никола Брзанов, што нашиот живот вчера ни го направија полесен и поубав :))“