ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зошто Орце Камчев не одговара за давање награда?

Додека обвинителството одлучило дека не треба да се преземе кривично гонење на лицето Орце Камчев, ние, граѓаните, сами видовме од снимките дека не станува збор за рекет туку дека Орце најкомотно дава поткуп за да биде запрена кривичната постапка спрема него.

September 29, 2019 13:15
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: СИМОНА М. ЖИВКОВА

Обвинетиот Орце Камчев не одговара за давање награда поради тоа што ЈО така одлучило.

И покрај тоа што Орце Камчев од домашен притвор каде што слободно користи телефон, остварува средби и има реална можност да го пријави поткупот за да можат соодветно да се бележат парите и да се спречи натамошното противправно делување, сепак, тој соработува со лицето кое ја прима наградата и истиот остварува корист како резултат на дадената награда, односно е пуштен од притвор. Сето ова се случува во периодот февруари – март, а предистражна постапка за рекетот започнува на почетокот на мај. Што значи дека Орце малку задоцнил со пријавувањето…

Во периодот кога ја давал наградата и преговарал со Боки 13 за противзаконитото влијание тој се вади на тоа дека немал каде да пријави бидејки бил во куќен притвор и немал доверба во институциите, а подоцна стекнал доверба во премиерот и затоа задоцнил со пријавувањето. Како ја стекнал, гледајќи го на ТВ?

Согласно Кривичниот законик, и Орце Камчев би требало кривично да одговара за делото Давање награда за противзаконито влијание, но обвинителство одлучува дека нема да преземе кривично гонење против него, поради тоа што го пријавил делото. Од друга страна, Кривичниот законик вели дека „Ако делото е сторено по барање на лицето кое треба противзаконито да посредува, а сторителот го пријавил пред да биде откриено или пред да дознае дека е откриено, може да се ослободи од казна“. Тоа значи дека може да се ослободи од казна, но е и од вина, односно одговорност. Тој и понатаму е сторител на ова дело, а да не биде, би требало уште на самиот почеток на „играта“ да го пријави случајот.

Но, поради тоа што Законот за кривична постапка дава можност Јавниот обвинител да се откаже од гонењето, ако во Кривичниот законик е утврдено дека судот може сторителот на кривично дело да го ослободи од казна и ако јавниот обвинител со оглед на конкретните околности на случајот оцени дека самата пресуда без кривична санкција не е потребна, во нашиот случај „Рекет“, јавниот обвинител по своја слободна оцена, одлучил дека нема да преземе кривично гонење.

Можеме да заклучиме, Орце Камчев давал поткуп, поточно награда за противзаконито влијание за да се прекине кривична постапка против него, но ослободен е од казна поради тоа што пријавил пред да биде откриен од надлежни институции дека давал поткуп, ослободен е и од кривичен прогон од јавниот обвинител, но ништо од тоа не го оспорува фактот дека Орце сторил уште едно кривично дело за кое, овој пат, очигледно нема да одговара и дека тој е ослободен од вина и одговорност токму врз основа на одредбите кои се однесуваат на делото Давање награда за противзаконито влијание.

Додека обвинителството одлучило дека не треба да се преземе кривично гонење на лицето Орце Камчев, ние, граѓаните, сами видовме од снимките дека не станува збор за рекет туку дека Орце најкомотно дава поткуп за да биде запрена кривичната постапка спрема него. Лице кое се товари за тешки криминали, лице кое дава поткуп додека е во домашен притвор и договара игри, лице кое дава снимки во други држави со цел да наштети на сопствената држава, не е лице кое треба да се ослободи од одговорност и да се награди поради тоа што „пријавил“.

И од каде знаеме дека го пријавил случајот пред да биде откриен? Можеби веќе некој знаел?

Во моментот знаеме каде е Боки, знаеме каде е Катица, знаеме и кој од што боледува, но останаа неодговорени неколку суштински прашања за нас граѓаните. Снимките од домот на Орце кои требаше да служат за доказ во постапка, протекоа во странски медиум, а никој не ни даде одговор на прашањата:

– Дали ЈО има сознанија кој ги дистрибуирал снимките во странскиот медиум?

– Што има преземено во врска со тоа?

– Снимките објавени во странскиот медиум се снимки  од домот на Орце Камчев кои тој ги документирал и тој располагал со нив. Што е тоа што спречува одговорноста за дистрибуирање на снимки кои се доказ во оваа постапка, а се предадени во друга држава, да се бара директно од Орце Камчев?

Во неколку наврати ЈО изјави дека, заради доверливоста на постапката, не сака да изнесува детали околу случајот пред јавноста, додека дел од доказниот материјал се најде во странски весник. Дали лицето кое ги има предадено снимките на овој начин треба кривично да одговара и за кое дело?

Поточно би сакала да прашам: Дали јас, како обичен граѓанин, ако сакам да дадам поткуп некому „за да ми заврши работа“ и одлучам да го снимам лицето кое го поткупувам, па откако ќе ми ја завршат работата го пријавам на премиерот и снимките ги дадам дополнително на некој медиум за да има забава, нема да одговарам?

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Во Хонгконг повторно протести, полицијата фрли солзавец кон демонстрантите

Discussion about this post

Најново

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk