ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ивановска: ДКСК не покрена постапка пред Управен за указите на Иванов, ако не биле надлежни требало да го отфрлат предметот

October 1, 2019 12:19
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) нема покренато постапка пред Управен суд за именувањата односно указите направени од  поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов за време на изборниот процес. Кабинетот на поранешниот претседател поднесе тужба за ДКСК пред Управниот суд. Доколку тој суд не е надлежен требаше да го отфрли предметот“, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска  одговарајќи на новинарско прашање зошто Антикорупциската комисија покренала управна постапка за указите на поранешниот претседател Иванов и дали заради тоа ќе поднесе оставка од морални причини или ДКСК ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд.

Таа појасни дека ДКСК констатирала оти претседателот Иванов за време на изборниот процес го прекршил Изборниот законик и извршил именување, а за таа дејност во Изборниот закон е пропишана прекршочна казна. Донесовме одлука, подвлече Ивановска, дека претседателот на државата согласно со  Изборниот законик треба да плати за таа прекршочна постапка.

Управниот суд, истакна Ивановска, ја известил ДКСК за тужбата поднесена од поранешен претседател, на што од Антикорупција, како што рече, дале одговор зошто донеле таква одлука. Одлуката на ДКСК била отфрлена од страна на Управниот суд затоа што, како што појасни претседателката на Антикорупција, во ДКСК не го повикале Иванов да дојде да се изјасни и за други формални причини.

„Затоа одиме понатаму на Вишиот Управен суд. Тој предмет ДКСК го има отворено по сопствена иницијатива, ние немавме обврска таа одлука да ја доставуваме до поранешниот претседателот Иванов“, изјави претседателката на ДКСК Ивановска, на денешната презентација од Здружението на граѓани „Транспарентност Македонија“ на првиот квартален извештај за следењето на работата и постигнувањата на Антикорупциската комисија, со оценка за ефикасноста и транспарентноста.

Инаку, ДКСК има поднесено иницијативата до Уставниот суд за оценка на уставноста на законот за поранешен претседател, од аспект на тоа дали бенефициите на поранешните претседатели на државата треба да се уредуваат со закон имајќи предвид дека претседател на држава е уставна категорија.

Ивановска информира дека ќе побараат да се раскинат договорите на поранешните претседатели, ина Бранко Црвенковски и на Ѓорге Иванов, затоа што, потенцира, во законот стои дека треба да им се обезбеди канцелариски простор, а не државата да плаќа закуп за тој канцелариски простор.

„Сметам  дака може да им се обезбеди канцелариски простор во државна сопственост и тие ќе можат и понатаму да функционираат, а притоа државата ќе заштеди околу 60 илјади евра годишно“, рече претседателката на Антикорупција.

До Собранието иницијативата од ДКСК ќе се однесува на временско ограничување на привилегиите на пратениците.

Извор: МИА

Next Post

Заев: Граѓаните очекуваат, па ајде да дадеме сè од себе за да слушаат се почесто добри вести!

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk