Законот за бесплатна правна помош, кој на голем број граѓани ќе им овозможи пристап до правдата и остварување на нивните права, стапува во сила денес. Граѓаните добиваат бесплатна правна помош и еднаков пристап до правда – адвокатот, сите судски и административни трошоци се покриваат од буџетот, соопштија од Министерството за правда.
Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска, на прес конференцијата, ги промовираше новините во овој закон, и истакна дека “овој закон придонесува кон градењето на владеењето на правото, но и содржи и една хумана димензија која подразбира дека материјалните можности не смеат да бидат пречка за остварување на правата на граѓаните“.
Дескоска потенцираше дека со овој закон, граѓаните кои немаат доволно финансиски средства ќе можат да ги остварат своите права пред судовите, пред управните органи, но и пред други државни органи како што се Уставниот суд, народниот правобранител и др институции.
Целиот текст поткерпен со видео содржина, во кој министерката говори за новините кои се покриваат со овој закон , можете да го видите на следниов линк
извор: CivilMedia