ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Полноќни разговори, поздрави и честитки: Јанкулоска и Ставрески за забеганиот

Евергрин: ноќните разговори меѓу Гоца и Зоран... Прашање: Дали политичката партија во која дури и на најблиските и ородени соработници се гневни и згадени од лидерот, има кредибилитет да зборува за корупција? И други белешки...

October 3, 2019 01:00
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Љубезно ве потсетува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Разговори објавени во март, 2015 година…

1. Приходите се катастрофа, констатира Ставрески и ѝ се жали на својата другарка од „сељакот“ Груевски.

2. Ставрески констатира дека давањето пари за споменици е „трагедија“, додека полицајците, како што му се жали Гоца, спијат на железни кревети и се покриваат со ќебиња од ЈНА…

3. Ставрески зборува за „сељакот“ Груевски кој планира да нарача 100 слики за музејот на вемеро…

4. За барок и споменици има 300 – 400 милиони евра, а за реални потреби нема пари. Гоца открива дека полицијата тепала на протестите пред општина Центар, по што таа морала да „менаџира“ ситуација пред евроамбасадорот Аиво Орав…

5. Како што отркиваме во овој разговор, Груевски кај Ставрески, среде ноќ (!) нарачувал противзаконско подигнување кредит од 700 милиони евра. Ставрески, инаку во кумство со Груевски, за својот кумашин вели дека „изгубил контакт со реалноста“…

6. Ставрески открива дека одбил пари од ИПА фондовите на ЕУ, за да ги сокрие долговите на државата. „За 20 милиони евра, сакаат да ми влезат во трезор да ми копаат“, вели Ставрески во настап на индигнација. Срам да ѝ е на Европа, сака да му копа по трезорот на Ставрески (како да е негов) за „само“ 20 милиони, колку што можела да добие земјата од фондовите.

7. Вицепремиерот, министер за финансии, пајташ и кум на премиерот, во овој разговор открива коруптивен скандал поврзан со битолскиот градоначалник Владимир Талески, за кој вели дека е „тежок криминалец“. Јанкулоска, за возврат, открива дека и скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, прави „матни работи“.

8. Кумот на Груевски, вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески, на Гоца (Гордана Јанкулоска) ѝ се жали дека на Груевски му се приоритет личните симпатии што ги негува во некој момент кон некого. Повреден и љубоморен, како напуштена љубовница, тој ѝ се исповеда на Гоца, како Груевски, додека е на службено патување во Турција, ништо не го интересирало освен била некоја ситуација во која поранешниот директор на Зоолошката градина и на Лотарија на Македонија, Дане Кузмановски, бил за нешто навреден. Кузмановски во тој период е близок пријател на братучедите Груевски и Мијалков.

9. Ставрески ѝ се жали на Гоца дека се трупаат долгови, но дека тоа не го интересира Груевски. Ставрески е гневен. Таа внимателно го впива и го одобрува секој збор на својот соговорник. Ставрески и во овој разговор открива дека Груевски мисли само на своите бизнис партнери, како што е фирмата Бетон…

10. Јанкулоска му вели на својот соговорник Ставрески дека Груевски е „забеган“…

11. Гоца и Зоран констатираат дека, тоа што се прави во Македонија со задолжувањата, не постои во ниедна нормална држава во светот…

И на крај, не се зедоа…

*

Дали политичката партија во која дури и на најблиските и ородени соработници се гневни и згадени од лидерот, има кредибилитет да зборува за корупција? Има, под три услови: првот, да се огради од таквиот лидер и да го исклучи од членството; второ, да им се извини на граѓанките и граѓаните со цврсти гаранции дека се изградени механизми дека такво нешто нема веќе никогаш да се случи; трето, да ги врати парите.

До тогаш, за корупција имаат кредибилитет да зборуваат медиумите, невладините и, се разбира, ваква ДКСК каква што имаме денес во Северна Македонија.
Што би рекол другарот Ата: Фала многу, пријатно!

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk