ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шилегов: Го градиме колекторскиот систем кој е предуслов за изградба на пречистителната станица

Тендерирањето за изведба на пречистителната станица треба да биде потпишано до крајот на 2020 година и сега се работи на тендерската документација

October 4, 2019 10:51
in ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пречистителната станица значи дека Скопје повторно ќе има чиста река. Отпадните води што се слеваат во овој момент по цевководниот систем директно во Вардар, најпрво ќе завршуваат по колекторскиот систем што сега го градиме, ќе одат во пречистителната станица каде што така прочистени ќе бидат оставени и ќе бидат пуштени во реката и е еден од можеби фундаменталните проекти кои ги води овој Град што се однесуваат на заштита на животната средина.

Ова во интервју за МИА го изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој говореше за планираната изградба на пречистителна станица во Скопје. За таа цел на Самитот за Западен Балкан, што во органзиација на Економист беше одржан во Скопје беше најавен грант од 10 милиони евра од Европската инвестициска банка. Тоа е само дел од потребните 125 до 135 милиони евра за изградба, која според проценките би се реализирала во следните две години.

– По она што го имаме како план, по она што го имаме зацртано, пречистителната станица би требало некаде 2024/2025 година да биде пуштена во употреба, вели Шилегов во интервјуто за МИА.

Тендерирањето за изведба на пречистителната станица треба да биде потпишано до крајот на 2020 година и сега се работи на тендерската документација.

– Втора година го градиме колекторскиот систем на нашиот град и тоа во долното течение на реката Вардар. Станува збор за околу 12 километри сериозна инсталација која е основниот предуслов да се започне со градба на пречистителната станица на нашиот град, изјави Шилегов.

Шилегов во интерјуто за МИА говори и за загадувањето на воздухот и мерките што ќе ги преземе Град Скопје, за селектирањето на отпадот, за градскиот превоз, за продажбата на Градска куќа…

Некаде далеку од очите на јавноста ние веќе втора година како го градиме колекторскиот систем на нашиот град и тоа во долното течение на реката Вардар. Граѓаните особено од Ново Лисиче, Лисиче и сега веќе накај Аеродром од десната страна на Вардар и од левата во делот кај Гази Баба и Вардариште тоа може да го гледаат како се одвива секој ден. Колекторот започнавме да го градиме некаде во јуни минатата година, веќе година и неколку месеци како се гради. Станува збор за околу 12 километри сериозна инсталација која е основниот предуслов да се започне со градба на пречистителната станица на нашиот град. Во делот на планирањето сериозно веќе се работи на пречистителната станица бидејќи согласно договорот кој го има нашата држава, тендерирањето за изведба на пречистителната станица треба да биде потпишано до крајот на 2020 година и ние сега работиме на тендерската документација. Носител на таа активност во рамки на Градот Скопје е ЈП „Водовод“ каде имаме посебна единица што се занимава со целокупната работа, со податоци кои во меѓувреме надвор од студијата што ја има Градот за  пречистителна станица ги набавуваме, веќе се завршени мерењата за димензионирање на пречистителната станица и полека се движиме кон дооформуваме или завршување на техничките податоци што се неопходни за квалитетно изработување на тендерската документација за пречистителната станица. Пречистителната станица значи дека Скопје повторно ќе има чиста река. Отпадните води што се слеваат во овој момент по цевководниот систем директно во Вардар, најпрво ќе завршуваат по колекторскиот систем што сега го градиме, ќе одат во пречистителната станица каде што така прочистени ќе бидат оставени и ќе бидат пуштени во реката и е еден од можеби фундаменталните проекти кои ги води овој Град што се однесуваат на заштита на животната средина. По она што го имаме како план, по она што го имаме зацртано, пречистителната станица би требало некаде 2024/2025 година да биде пуштена во употреба.

Допрва ги правиме тие анализи. Во минатото водата во нашиот град поскапе 100 проценти со образложение дека ќе бидат заменети азбесните цевки за водовод и да се реконструира канализационата мрежа со цел Скопје да го подигне квалитетот на водата за пиење, но и понатаму менаџираме со отпадните води. За жал тоа нешто се нема случено. Ги правиме анализите и мерењата што ги имаме на протокот на отпадни води со цел да видиме дали и каде имаме загуба на системот на канализациската мрежа и тоа е нешто што мораме да го направиме. Прво затоа што мора да се димензионира пречистителната станица за потребите на градот во наредните триесетина години како објект и второ да видите дали и каде има проток на фекалии во почвата во Скопје. За жал првите податоци кажуваат дека треба да имаме сериозни интервенции во тековната канализација, но кога ќе ги добиеме целосно тие податоци едноставно ние ќе немаме поинаков избор освен да извршиме замена на системот онаму каде што тој проток се јавува.

Извор: МИА

Next Post

Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ генерал Клаудио Грацијано, пристигна во посета на земјава

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk