ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Татин математичар (прв дел)

Факторизирањето на глупоста, ароганцијата и криминалот не е новост во животот на оваа земја. Без оглед на сите настојувања политичката сцена да се упристои и да стане огледало и артикулатор на граѓанските потреби, таа остана една валкана арена во која има вртоглаво многу пари и ужасно ниски удари и постапки. Ете, затоа, потребна е реакција, секој ден и постојано да се алармира јавноста за опасноста што се крие зад ваквите настапи во политиката и пред очите на јавноста.

October 4, 2019 13:20
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

120 изборни единици… Секој ден, најмалку по една зелена. Како да реагира човек на нешта што се полоши и од глупи вицеви?! Од друга страна, ако не реагираме, ќе мислат дека се паметни. Факторизирање на глупоста и ароганцијата. #ТатинМатематичар

Ова е мојата прва реакција на изјавата на Мицкоски за неговите замисли за изборни реформи. Тој доби и уредна покана за учество на конференцијата на ЦИВИЛ за изборни реформи на која говореа претставници на највисоките државни институции, политичари, експерти, невладини… Очигледно, ароганцијата е традиција во вемерето и не беше изненадување што, ниту од неговата, ниту од канцеларијата на Али Ахмети, а тука е и онаа на Мендух Тачи, не дојдоа ниту негативни одговори.

Што ќе му е на Мицкоски да се приклучува на јавната дебата за реформи во изборниот систем? Па, тој и онака е осамен брод кој плови кон работ на рамната плоча за каква што ја сметаат планетата Земја во неговата секта.

Нејасно е дали изјавата на Мицкоски за тоа дека Македонија треба да се „испарцелизира“ (израз на неговиот препочесен шеф) на 120 изборни единици е невкусна шега или убедување засновано на „експертизата“ на неговиот најнов тим на советници (кој од кој, одбор јунаци). Прашање на добриот вкус е дали на вакви крајно несериозни и неодговорни настапи во јавноста треба да се одговори или не. Сериозниот човек, во принцип, одбива да коментира глупави постапки и изјави. Од друга страна, живееме во време кога и најглупавите и најлудите идеи и постапки се наметнуваат како тренд и доминираат во јавниот дискурс. Затоа, пред оваа идеја да заживее како тема околу која некој ќе реши да дебатира во јавноста и во институциите, мора да се дисквалификува, токму како невкусна шега и да се одговори брзи и отсечно.

Со својата ужасно здодевна репетитивност и дрска наметливост, пи-ар тимот на вемерето секојдневно се наметнува со ставови и пораки што во нормално општество би се сместиле во шупата на најнепожелните радикали од кои се срамат и нивните најблиски. Но, со милионите што ги украдоа во текот на владеењето, со милионите што по законски пат ги добиваат и денес од буџетот на граѓанките и граѓаните, со помошта од Кремљ и неколку други моќници-радикали низ Европа, тие се дел од главните текови во политиката и во јавноста. Во комбинација со општество инфицирано од глупост, неписменост, заблуденост и омраза, лесно е да се факторизира една ваква структура на чие чело е двоецот Груевски-Мицкоски.

Факторизирањето на глупоста, ароганцијата и криминалот не е новост во животот на оваа земја. Без оглед на сите настојувања политичката сцена да се упристои и да стане огледало и артикулатор на граѓанските потреби, таа остана една валкана арена во која има вртоглаво многу пари и ужасно ниски удари и постапки. Ете, затоа, потребна е реакција, секој ден и постојано да се алармира јавноста за опасноста што се крие зад ваквите настапи во политиката и пред очите на јавноста.

Безвредноста на „идејата“ за 120 изборни единици не вреди да се коментира, особено во македонскиот изборен и политички контекст. Но, секако е добар повод да се проговори, не без доза на хумор и сатира, за начинот на размислување и постапување во политиката.

Оваа „идеја“ доаѓа во време кога и дел од пратеничкиот состав и невладиниот сектор, а и една од најголемите партии во земјата размислуваат и веќе дебатираат опции за изборните реформи. И премиерот Заев ја поддржува идејата за една изборна единица. Тука лежи зајакот. Ако Заев тргнал да поддржи една идеја и процес за една изборна единица, „најдобро“ е, за да се закочи процесот во самиот старт, да се истрча со апсурдна „идеја“ за дури 120 изборни единици.

Многу кочници има овој #ТатинМатематичар за притискање. Правосудните реформи, развојот на демократските институции, враќањето на парите кај граѓаните, изборните реформи, правдата, помирувањето… И најважното за Кремљ – кочењето на македонските евроатлантски интеграции.

Добро, тоа е многу, па нека е во прашање и еден голем „математичар“. Затоа, постојано притиска на погрешните кочници, во погрешно време, на истото место. Колку и да се наивни луѓето, полека сфаќаат дека кочењето на широката автострада на прогресот на кој стапна Северна Македонија е надвор од разумното однесување.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Фирмата „Кепс МОНТ ГРОУП“ ќе ја изнесува троската со тешки метали ридот на поранешната велешка „Топилница“

Discussion about this post

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk