ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Откако им изгоре куќата, семејството Воденски од беровско Русиново, остана и без својата плевна

Ни изгоре куќата, сега и плевната, тоа е нов шок за нас. Моите родители примија медицинска помош за полесно да го пребродат шокот кој го доживуваме. Останува да се надеваме на помошта на хуманите граѓани, вели Воденски.

October 5, 2019 14:42
in КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако вчера остана без кров над глава, тричленото семејство Воденски од беровско Русиново во нова огнена стихија остана и без својата плевна како и седумте кози како трактор кои се наоѓале во импровизираната зграда. Во моментот на несреќата, семејството било сместено во куќа во Владимирово, која по пожарот им ја обезбеди општината, а веста за опожарувањето на останатиот дел од имотот, им била соопштена од страна на роднини и беровската полиција.

– Рано утрово бевме известени дека, плевната заедно со козите кои ги чувавме и тракторот целосно изгореле. Ни изгоре куќата, сега и плевната, тоа е нов шок за нас. Моите родители примија медицинска помош за полесно да го пребродат шокот кој го доживуваме. Останува да се надеваме на помошта на хуманите граѓани, вели Воденски.

Досега како што додаде Воденски, помош е најавена од негови другари и роднини.

– Мои другари најавија дека ќе донесат кревети, имаме најава и за помош во парични средства. Во понеделник ќе биде обезбедена и жиро-сметка за донации, така што секој кој што сака ќе може да донира и да ни помогне да ја надминеме оваа тешка ситуација, вели Воденски.

Увид на местото на несреќата вршат екипи од беровската полиција, од каде го потврдија опожарувањето на плевната, но повеќе детали, најавија во текот на утрешниот ден. Засега нема информации дали пожарот е намерно подметнат или е резултат на тоа што искри од претходно опожарената куќата го предизвикале истиот.

извор: МИА

Next Post

Заев: Сѐ за што се залага ВМРО-ДПМНЕ е да нема одговорност за криминалот

Discussion about this post

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk