„Северна Македонија и Албанија испорачаа, сега е крајно време земјите-членки да го испорачаат своето. Благодарност до лидерите на ЕУ за нивниот цврст став за започнување на пристапните преговори за двете земји во октомври“, објави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан наТвитер.
Неговот твит е одговор на пораката на ЕУ лидерите кои веруваат дека е време да започнат разговорите за пристап на двете земји во ЕУ.
#NorthMacedonia and #Albania have delivered – now it’s high time that #MemberStates deliver, too! Thank you to #EU leaders for making this strong stance for opening accession negotiations with both countries in October! https://t.co/Vl5RKcNFTs
— Johannes Hahn (@JHahnEU) October 6, 2019
Конечната одлука лидерите на ЕУ треба да ја донесат на 17 или 18 октомври.