На граничниот премин „Богородица“ претпладнево при контрола на патничко возило „Опел мерива“ со албанска национална ознака, управувано од А.M.(44), а сопатник бил А.M.(18), двајцата од Република Албанија.
Марихуаната била скриена во посебен бункер во возилото, а граничните служби откриле повеќе пакувања со тежина од околу 50 килограми, информира МВР.
Лицата и возилото биле преземени од Одделението за истраги при Царинската управа.
извор: МИА