ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сугарески: Министерството за транспорт и врски е мотор на инфраструктурните инвестиции

Не се отуѓивме од народот, не сме арогантни и самобендисани, стоиме цврсто на земја, свесни сме дека правиме и грешки, но во од се поправаме

October 6, 2019 15:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, покрај за достигнувањата и плановите во неговиот ресор, говори и за вкупниот напредок на државата во демократските процеси, за растот на минималната плата, за решавање на проблемот со стечајците, за растот на социјалната помош и за субвенциите кај земјоделците.

Сугарески истакнува дека оваа власт не е самобендисана и арогантна и дека ги слуша критиките и во од се поправа.

„Драги пријатели, сопатници и соборци, после 2 и пол години од падот на режимот на Груевски, доаѓа ред да повлечеме линија. Да се погледнеме очи во очи со граѓаните, кои се единствените кои даваат или одземаат власт. Да зборуваме за тоа што сме ветиле и што сме исполниле. Да најавиме и нови проекти кои ќе ги реализираме овој мандат!

Нашата држава е огромно градилиште.
Нема општина каде не се гради. Министерството за транспорт и врски е мотор на инфраструктурните инвестиции. Билансот на крајот на 2019 ќе биде 100% државна магистрална гасификација (од ДПМНЕ затекнавме само дупки кои зјајеа празни), изградба на социјални згради – 100% реализација. Завршивме или во моментов реконструираме 44 патишта или вкупно 550 километри, инвестиција од преку 850 милиони евра што по вредност и обем е историски најголем потфат за модернизација на инфраструктурата (на ДПМНЕ му требаа 11 години за 650 км, Ние за само 2 години завршивме 550 км).

За регионално поврзување со соседите и подобрување на економската моќ на државата ги интензивиравме работите за изградба на железницата кон Бугарија. Ја завршивме изградбата и на пругата од Битола до Кременица. Градиме водоводи и канализации што ќе им го решат цивилизацискиот проблем на 225 илјади жители. Тие што сега се обидуваат лажно да продаваат “обнова”, народните пари ги трошеа на жални врби, камен, бронза, нелегално прислушување и ги испумпуваа на оф-шор сметки.

Владата предводена од СДСМ за 2 ипол години, зголемува плати во јавна администрација, на доктори, сестри, негувателки, над 20%, минималната плата постојано расте (за време на ДПМНЕ беше 9 илјади денари), со обемот, вредноста и исплатата на субвенциите и помошта за земјоделците, тутунари, лозари се рушат рекорди, со Мој ДДВ прв пат враќаме пари назад кај граѓаните, расте социјалната помош, конечно го решивме проблемот на 12 илјади стечајци, со закон дефинираме финансиска помош за фирмите, ја вративме ефтината тарифа за струјата, укинавме радиодифузна такса…

Ја вративме слободата и демократијата, ја подигнавме транспарентноста на јавните институции, никогаш послободно не се критикувала власта. Владата предводена од Заев и СДСМ за 2 ипол години ја врати државата на стратешкиот колосек, стануваме полноправна – 30 членка на најмоќниот воено политички сојуз и застануваме рамо до рамо со нашите стратешки сојузници во НАТО.

Очекуваме датум за почеток на преговори со ЕУ за неколку дена.

Најважно од сè, не се отуѓивме од народот, не сме арогантни и самобендисани, стоиме цврсто на земја, свесни сме дека правиме и грешки, но во од се поправаме, имаме воља и енергија за нови поместувања напред, знаеме дека има уште многу проблеми за решавање, но конечно сме НА ПРАВ ПАТ!“

извор: Фејсбук страна на Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Next Post

Сара Џесика Паркер: „Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk