ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитров: Одлуката на ЕУ за земјава е наше рандеву со историјата

Ќе биде многу тешко да им кажеме на граѓаните – „ние не успеавме овој пат, ќе успееме 11-тиот пат“, истакна Димитров

October 7, 2019 14:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пораката што наредната недела ЕУ ќе ја испрати до Македонија е порака и за регионот. Доколку се она што го направи земјава од решавањето на прашањата со соседите, реформите и целокупната позитивна промена во општеството, не биде препознаено и наградено со позитивна одлука за почеток на преговорите со Унијата, Европа ќе испрати порака дека не е сериозен партнер, порача денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Говорејќи на панел дебата насловена „Договорот од Преспа – научените лекции за време на дипломатските преговори и меѓународната перспектива“ што се одржа во МНР, тој потсети дека земјава 14 години е кандидат за членство во ЕУ и има десет позитивни препораки дека е подготвена за почеток на преговорите и за влез во следната фаза.

– Одлуката на Советот на министри на 15 октомври, а Европскиот совет на 17-18 октомври е наше рандеву со историјата. Ќе биде многу тешко да им кажеме на граѓаните – „ние не успеавме овој пат, ќе успееме 11-тиот пат“, истакна Димитров.

Покажавме, рече тој, храброст и европски дух во решавањето на домашните прашања, работиме на европската агенда, направивме огромни скокови напред во изминатите неколку години на полето на слобода на медиумите, независноста на судството, јавната администрација…

– Ова е многу поинакво општество од она што го наследивме во јуни 2017 година и ако овој тренд не биде награден и охрабрен од ЕУ, ако не се признае и препознае со позитивна одлука за почеток на преговорите, таа ќе испрати порака дека Европа не е серизона кога донесува заклучоци, рече министерот Димитров.

Според него, влогот е голем и за регионот и за ЕУ, сигналот за нас е и сигнал и за целиот регионот. Позитивна одлука, рече тој, може да биде вин-вин за нас, за регионот и за Европската Унија.

Тој истакна дека Договорот од Преспа е еден по показателите за позитивните промени во општеството, желбата да се продолжи на патот на евроатланските интеграции и да се овозможи посигурна иднина за граѓаните.

– Работите и отворените прашања треба да се решаваат. За мене како министер најлесно беше да не го чепкам прашањето за името. Тешко се гради политички капитал или се стекнува популарност кога решаваш тешко прашање, кое колку подолго опстојува, станува се потешко да се реши, а многу направија и кариери на прашањето, рече Димитров.

За мене, додаде тој, патриотизам, е каде сакаме да ја видиме нашата земја за десет години одсега и што ќе треба да се направи да се откочи прогресот. Тоа, и создавањето подобро општество со повеќе можности за сите, вклучително и младите, според него, било водилка во преговорите со Грција за решавање на ова прашање.

На дебатата која се одржува во рамки на Регионалната школа за дипломатија 2019:„Градење мостови преку решавање на конфликти во балканските држави“, во организаци ја на МНР и Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје говореше и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој е согласен дека со она што го има направено со решавањето на прашањата со соеседите, но и со промените во општеството и реформите, земјава заслужува да ги почне преговорите за чластво во ЕУ. Според него, секогаш може да се направи повеќе, но позитивниот тренд во земјата треба да биде препознаен.

– Договорот од Преспа покажува дека сите прашања може да бидат решени ако има искрена волја од двете страни, оти за тоа е потребен компромис и волја да се чуе и втората страна, рече Жбогар.

Тој вели дека е добро што вакви добри вести пристигнуваат од Балканот, иако како што рече, се уште има прашања кои треба да се решаваат. – Иако не е моја мисла, сепак сакам да ја кажам. Патот за Косово и Србија оди низ Скопје, мислејќи дека успехот на нивниот дијалог сепак зависи и од она каков ќе биде одговориот на ЕУ наредната недела кон оваа земја, рече Жбогар.

Дека пресудна за решавање на проблемот била искрената волја, оцени и професорката Марилена Копа од Универзитетот во Атина и поранешен член на Европскиот парламент. До решение, потенцира таа, било можно да се дојде кога на власт во двете земји имало влади кои сакале тоа да го направат вистински.

– Порано немаше вистински преговори. Тогашниот премиер Никола Груевски не сакаше решение, не беше заинтересиран за европерспективите на земјата и ги саботираше напорите за решавање, рече таа.

Битно за напредокот во решавањето, рече Копа, покрај добрата волја на двете земји, било и промената на геополитиката и враќањето на Балканот во фокусот на вниманието на меѓународната заедница.

– Во 2017 Русија, Кина и Турција, но и заливските држави го направија видливо нивното присуство во регионот или преку поткопување на западната стратегија, како Русија, или големи економски инвестиции како кинеската иницијтивата „Еден појас, еден пат“. Овие актери сакаа да ја пополнат празнината оставена поради инерција на ЕУ, нагаласи Копа.

Таа смета дека овој договор е траен и оти двете земји треба да се придржуваат кон него.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk