ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Австрија со јасен став за одлука на Советот на ЕУ за старт на преговорите

Поддршка за проширувањето на ЕУ и за европските интеграции на нашата држава е изенсена на средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со Александер Шаленберг, австриски сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи.

October 7, 2019 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јасна порака од Австрија со поддршка за проширувањето на ЕУ и за европските интеграции на нашата држава е изенсена на средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со Александер Шаленберг, австриски сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата е посочено дека има силен консензус во Република Австрија за позитивна одлука за Република Северна Македонија на октомврискиот Совет на ЕУ. На состанокот е констатирано дека позитивна одлука е единствената исправна одлука за нашата земја. Констатирано е дека Република Северна Македонија ги испорача потребните услови и дека сега е на ред Европа да испорача.

Премиерот Заев, се заблагодарил за големата и принципиелна поддршка од Австрија во сите клучни процеси за демократскиот развој на нашата држава и посебно за напредокот во евроатлантските интеграции.

– Позитивната одлука од Европскиот совет за отворање преговори на ЕУ со Република Северна Македонија, за институциите и за граѓаните ќе значи продолжување на силната мотивација низ европските вредности да придонесуваме во развојот на нашата држава и регионот. Преспанскиот договор е редок пример на договор преку којшто низ искрен дијалог за чувствителни прашања дојдовме до решение на децениски отворено билатерално прашање, реформите ги правиме во консензус со опозицијата, цврсто сме определени за владеење на правото и борбата против корупцијата низ конкретни примери дека законите важат еднакво за сите. Република Северна Македонија е добар пример како со посветеност на европските вредности на дело, се можни резултати, рече премиерот Заев.

На средбата е констатирано, се додава во соопштението, дека можноста што ја доби Република Северна Македонија, заедно со Република Бугарија да копретседава со Берлинскиот процес во следната година, е силна порака за европската поддршка на нашата држава.

Премиерот Заев соопштил дека позитивната одлука од октомврискиот Совет на ЕУ, само ќе ја зацврсти довербата и на другите земји во регионот, кандидатки за членство во ЕУ, дека реформите и решенијата на билатералните прашања, на мирен начин низ дијалог, носат придобивки во европските аспирации.

На средбата е констатирано дека Република Австрија е еден од значајните инвеститори во нашата земја. Пренесено е дека Република Австрија има силна доверба во Република Северна Македонија и дека економската соработка ќе се развива во иднина, стои во соопштението.

На состанокот е разговарано и за добрата соработка во врска со решавањето на мигрантската криза, како и за унапредувањето на добрите билатерални односи меѓу двете држави.

извор: МИА

Next Post

Поевтинуваат бензините од половина до еден денар

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Славните не менуваат ништо – можеби е време да замолчам за Трамп

November 2, 2025
Скриншот

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

„6-7” прогласено за „Збор на годината“ – иако не е ниту збор

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk