ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Бандата се храни од молкот и стравот

Најважно од сѐ е да се поседува кредибилитет. Не може да поседува кредибилитет некој што се служи со дезинформации и фалсификати, што е наследник на криминална и насилничка клика од која, не само што не се откажал, туку ја застапува и брани. Едноставно, не може.

October 7, 2019 14:06
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Се сеќавате на деновите кога ги викавме кецароши? Беа и останаа кецароши. Еден професор, своевремено ми раскажа дека професорката што сега по Фејсбук пласира лажни вести и фалсификати, била лош студент која не го разбирала правото ни тогаш, ни сега. Ете, таков лик предава право на најстариот државен универзитет, член е на Венецијанска комисија, на времето окупираше едно чудо други функции, додека на власт беше Фамилијата…

Ширењето дезинформации и лажни вести креираат една грда, извитоперена реалност што им оди во прилог на радикалните националисти и анти ЕУ и НАТО политичари, меѓу кои има и осомничени, па и осудени криминалци. Да биде ситуацијата уште полоша, институциите одбраа мек пристап, а медиумската констелација им оди во прилог. Освен со говор на омраза и црна пропаганда, лажни вести и дезинформации, во арсеналот на оружја против фактите отсекогаш имале фалсификување документи.

Професорка по право, член на Венецијанска комисија, возрасна и сериозна госпоџа, шири лажни вести и фалсификувани документи! Па, кај го има тоа?! Добро забележува еден пријател, божемните членски книшки од СДСМ и на Катица Јанева и на Митко Јанчев имаат ист сериски број. Да пукне човек од смеа. Така е кога кецароши сакаат да прават криминал од ваков вид. Пропагандата заснована на криминални постапки мора внимателно да се планира, а за тоа се потребни посебни таленти. Но, бидејќи овие криминогени умови се преполни и со бескрајна суета и ароганција, навикнати на неказнивоста во која уживаат, не се ни трудат многу. И ја потценуваат интелигенцијата на луѓето.

Реалноста е доволно комплицирана и тешка, проблемите се доволно големи, причините за критика се доволно бројни, за да мора да се измислува. Доволно е само будно и искрено да се гледа, размислува, говори и пишува.

Најважно од сѐ е да се поседува кредибилитет. Не може да поседува кредибилитет некој што се служи со дезинформации и фалсификати, што е наследник на криминална и насилничка клика од која, не само што не се откажал, туку ја застапува и брани. Едноставно, не може.

По сево ова, на јавноста ѝ останува тревожното прашање за тоа што може да се направи за да го заштити јавниот интерес, пред сѐ, да ги заштити младите од една банда, моќна банда, преполна со пари, помогната од софистицирани криминални машинерии, охрабрена од мекиот пристап на власта, поддржана од медиумите што ги поседуваат сѐ уште…

Редакциите, невладините, образовните институции, интелектуалците се наоѓаат пред секојдневен избор, дали да се предадат и да седнат во задните редови во гледалиштето и со подзинати усти да ја следат оваа перверзна порнографска претстава или да им отсвири крај. Изборот да не се молчи значи да им се каже и покаже на овие ликови дека никој повеќе не им верува. Таквиот избор значи и гласно да им се спротивстави секој што барем малку држи до достоинството, чесноста и пристојноста. Секој има право да побара и од институциите да ја завршат својата работа според законите, а не според желбите на криминалната банда која се брани со бројноста и со парите кои ги црпат од луѓето, не од небото.

Бандата се храни од молкот и стравот на луѓето. Одбраната од нив се достоинството, чесноста и пристојноста, а тие се изразуваат гласно. Во спротивно, нивна е победата.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Нова стратегија за локален економски развој на Штип

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk