ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Манчевски: Борбата против дезинформациите веќе дел од нашите обврски кон НАТО

Tој рече дека е потребно да се работи и на развивање на критичко размислување кај граѓаните, со цел секој поединец кој добива информација да може да ја процени нејзината валидност и нејзиниот извор

October 7, 2019 18:12
in ДЕНЕС, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Хибридните закани, поврзани со информациите и заканите што влијаат врз политичките, територијалните и економските аспекти на една земја преку користење на информациите, дезинформациите, неинформирањето и медиумите се тема на расправа во рамки на втората „Тркалезна маса за лидери на високи позиции, хибридните закани поврзани со информациите“ што од денеска наредните пет дена ќе се одржува во Охрид.

Во обраќањето пред учесниците на средбата министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски истакна дека хибридните закани се разновидни и постојано се менуваат, а за справување со нив неопходна е соработка и координација на многу државни институции. Тој нагласи дека државата моментално е во фаза на дефинирање на својата критична инфраструктура и организирање на нејзината одбрана. Македонските тимови заедно со партнерите од меѓународната заедница работат на справување со заканите, како дел од колективната одбрана.

– Хибридните закани се огромно и комплексно поле кое секојдневно се развива на нов и непредвлидлив начин, за што ги немаме сите одговори. Тука заедно со истакнати експерти, академици, правни експерти и практичари од високи нивоа во областа, ќе споделуваме размислувања, знаења и искуства за изнаоѓање соодветен одговор на новите закани, рече Манчевски.

Тој рече дека се она што го прави Владата е со поддршка од партнерите да се зајакне отпорноста на заканите, но и не само да се одговара и реагира туку и да се поседува комуникациска стратегија, да се развиваат доверливи врски преку транспарентност што ќе доведе до побивање на лажните информации.

– Веќе имаме изработено комуникациска стратегија и стратегија за отворени податоци. Во завршна фаза е стратегијата за транспарентност, а се работи и за планот за борба против дезинформациите и лажните вести. За јакнење на капацитетите за сајбер-безбедност за прв пат имаме и стратегија со акциски план, рече Манчевски уште ја нагласи потребата од континуирана поддршка на квалитетно и независно новинарство, независно формата во која тоа ќе евоулира.

Тој рече дека е потребно да се работи и на развивање на критичко размислување кај граѓаните, со цел секој поединец кој добива информација да може да ја процени нејзината валидност и нејзиниот извор.

– Борбата против дезинформациите не може повеќе да биде само предмет на јавни расправи, таа веќе е дел од нашите обврски кон НАТО, рече министерот Манчевски.

Марк Лајти, директор на Секторот за комуникации при Врховниот штаб на НАТО-сојузничките сили во Европа (SHAPE), истакна дека Република Северна Македонија има посигнато многу во насока на својата безбедност и справувањето со евентуалните закани, но оти се уште има многу да се сработи.

Денеска безбедносните закани не се само авиони, тенкови, бродови. Предзвиците не се само во вид на конвенционално оружје, туку одбрана на нашите вредности од лажни информации, дезинформации, од заканите што ги претставуваат непознати извори. Затоа безбедносните прашања не се битни само за македонското општество туку за пошироката Северноатлантска заедница. Оваа конференција треба да ни овозможи да ги согледаме сите закани и да изнајдеме одговори како да се реагира на нив, рече Лајти.

Кога станува збор за конкретни примери на хибридни закани, Лајти рече дека постојат докази дека Русија на неморален и аморален начин постапува во светот, влијае врз избори во држави низ целиот свет, влијаеше и врз изборите во Северна Македонија и на референдумското изјаснување, така што претставува проблем со кој треба да изнајдеме начин се справиме.

За тоа како Македонија се справува со тој вид закани, Лајти рече дека државата одлично реагирала, преку изјаснувањето за промена на името и на тој начин да се обезбеди влез во НАТО.

– Имате постигнато многу, но кога имате јасен став каде сте, каде сакате да одите и го знаете проблемот, сметам дека мошне е полесно да се справите со него, рече Лајти.

Конференцијата во Охрид се одржува во рамки на програмата Наука за мир и безбедност, во коорганизација на Владата на РСМ и на Министерството за одбрана на САД. На неа учествуваат лидери на високи позиции од над 20 држави од Европа, од САД и од НАТО. Организатори на тркалезната маса се Џорџ Мејсон Универзитетот (George Mason University) од САД, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од Скопје и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево.

Извор: МИА

Next Post

Погонот на „Арчелор Митал“ што го загади Вардар, од денеска повторно работи

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk