Целата држава денеска е едно големо градилиште, каде и да се оди се гледа тоа, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва пред гевгеличани, на трибината која е дел од кампањата „На прав пат“.
-Еве доаѓам кон Гевгелија, по нови автопатски делници, обновени коловозни ленти, нови улици. Гледам по пат се градат патишта како никогаш досега. За само 2 години 500 километри патишта, 400 километри водоводи и канлизации. Е да, тоа се големи бројки! Тоа е прав пат!, рече Николовски.
Во секоја област имаме интензива градежна офанзива, додаде Николовски.
-43 градинки ширум републиката, нови и обновени полициски станици, локална инфраструктура, локални и регионални патишта, прочистителни станици, а во Гевгелија нов водовод, тоа градиме, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на вечерашната трибина „На прав пат“ во Гевгелија.
ВМРО ДПМНЕ се само за одбрана на криминалот и обнова на режимот, ништо друго не ги интересира. Затоа се против враќањето на парите кај граѓаните, против покачувањето на минималната плата, против социјалната помошт, против интензивното градење патишта, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на граѓанската трибина.
Со месеци се мачеа никаде ги немаше, сега гледаме едвај на маалски средби излегле, ние преку лето тоа го правевме. Нема што да понудат освен обнова на режим и криминал.
Ние продолжуваме по прав пат. СДСМ продолжува да се менува, да креира нови политики во интерес на граѓаните, рече Николовски.