ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Спонтан натпартиски протестен собир ноќва во центарот на Скопје

Граѓаните револтирани, бараат СДСМ да го послуша Мицкоски, да не покачува плати и да не враќа пари кај граѓаните, да ги прекине незапочнатите преговори со ЕУ и низа други познати барања.

October 7, 2019 23:31
in АХА!
Share on FacebookShare on Twitter

известува: ВИДОСАВА СТОЈЧЕСКА

Спонтан натпартиски протестен собир кај споменикот со кодно име Воинот на коњ, беше организиран вечерва под мотото „Послушајте патриоти, парите не смее да се враќаат кај граѓаните“. На спонтано организираниот собир, онака шетајќи се по плоштадот, случајно му се придружи и највисокото раководство на најголемата опозициска партија, заедно со сите новоназначени советници.

Инаку, лидерот, раководството и советниците беа излезени, сосема случајно, уште во текот на попладнето, на рекреативна прошетка и тим билдинг, ме разбираш, носејќи големи плусови на плеќите, како потврда за нивните позитивни ставови и пораки. Нив, неупадливо ги следеше тајната полиција.

На собирот, беше искористена приликата, сосема спонтано, пред насобраните пијаници, пардон, демонстранти, да се промовира и најновиот, 17-ти советник, Суперхик, кој е странец, но извонредно течно се служи со македонска ракија.

Лидерот и советниците во текот на попладнето излегоа на прошетка, носејќи големи плусови на рамениците, како потврда за нивните позитивни ставови и пораки. Нив, неупадливо ги следеше тајната полиција. (фото: од партискиот Фејсбук)

Лидерот одржа спонтан говор што го беше запишал претходно во телефонот, за време на прошетката, ете, за не дај боже, да не му притреба за вакви, непланирани дешавки, како што се изрази, без насмевка, пред да почне да читањето.

Па рече:

„Оваа расипничка власт решила да се расфрла со парите што со тешки маки се собираат во државната каса! И, наместо да гради споменици и фасади, што ќе останат за генерациите после нас, Зоран Заев и СДСМ безмилосно ги покачуваат платите и социјалната помош, враќаат пари од ДДВ на граѓаните, а се спремаат и пензиите да ги покачат! Ова не се видело до сега! Народот бара правда! Платите, социјалната помош и пензиите ќе се потрошат, а народот ќе остане без споменици!”

Лидерот зборуваше уште околу само 40 минути, а потоа се извини што мора да го прекине говорот, бидејќи му цркнала батеријата.

Нешто пред полноќ, му даде збор и на Суперхик кој во својата кратка здравица ги повтори заложбите на партијата дека, кога ќе дојде на власт, ќе продолжи да краде од сиромашните за да им даде на богатите.

Полноќниот натпартиски и спонтан протест на опозицијата го привлече и вниманието на постојаната мисија на меѓународните набљудувачи во земјата кои одушевено, иако неутрално, спроведуваа мониторинг од терасата на хотелот Мериот, во сопственост на еден скромен бизнисмен и патриот.

Потоа, сите заедно, сосе советниците, ги извикуваа познатите пароли, меѓу кои и најновиот слоган предложен од Суперхик: „Парите од граѓаните кај државата, ДА! Парите од државата кај граѓаните, НЕ!“

Полноќниот натпартиски и спонтан протест на опозицијата го привлече и вниманието на постојаната мисија на меѓународните набљудувачи во земјата кои одушевено, иако неутрално, спроведуваа мониторинг од терасата на хотелот Мериот, инаку сопственост на еден скромен бизнисмен и патриот.

Пред насобраните курири, лидерот ги соопшти познатите опозициски барања, кои му се извезени на поставата од палтенцето, во случај да му цркне батеријата:

  1. Да не се покачуваат платите и социјалната помош и да не им се враќаат парите на граѓаните. Никако покачување на пензиите!
  2. Стоп за реформите во здравството и враќање на квотите за лекови што траат само до 5-ти во месецот, за да се стимулира економијата.
  3. Сваровски судство, а не ова сега, на ништо не личи!
  4. Крив пат е подобар од прав пат, затоа што не е досаден.
  5. Предвремени избори, макар и во октомври идната година. Под услов да победи опозицијата.
  6. Прекин на незапочнатите преговори со ЕУ.
  7. Откажување на членството во НАТО и приклучување кон Варшавскиот пакт.
  8. Да му се забрани на Зоран Заев да се среќава и да се спријателува со лидерите на најголемите демократски држави во светот.
  9. СДСМ да не гради патишта и да не ги поправа улиците, затоа што тоа му текна прво на почесниот претседател на нашата партија.
  10. Солун е наш!

На крајот, сите наздравија со Суперхик и спонтано се качија во партиските автобуси за да заминат кон своите домови каде што, расипнички, од денеска започна грејната сезона.

 

Дисклејмер: ОВА НЕ Е ЛАЖНА ВЕСТ, ТУКУ Е СПРДАЧИНА. ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ, ПОЈДЕТЕ КАЈ КУРИРИТЕ, НИМФОМАКСОВЦИТЕ, МИДЕРИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ЛЕВИ И ДЕСНИ ТАПОГЛАВЦИ.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Обнова на неписменоста?

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk