fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

СЕММ со дебата во Прилеп за саморегулација во медиумите

Најголемите нарушувања на Кодексот на новинари, регистрирани од Комисијата за жалби при СЕММ, се поврзани со недоволната проверка на информациите, односно отсуството на различни извори на информации, мешањето факти и мислења, вести со коментари, нарушување на приватноста и дискриминацијата по различни основи

October 8, 2019 16:46
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Саморегулацијата е цврсто настојување на медиумските професионалци да го одржуваат дијалогот со јавноста. Процесот на етаблирање на саморегулацијата е долг, но резултатите од него се поквалитетно новинарство, заштитен интегритет на медиумите, квалитетни информации за граѓаните, ослободување на влијанијата од центрите на моќ и заштита на слободата на изразување“, рече Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ, на денешната дебата на СЕММ во Прилеп.

Саморегулацијата во медиумите, практиките, перспективите и сегашната ситуација, како и предизвиците со кои се соочува Комисијата за жалби во нејзиното работење, беше тема на денешната дебата на Советот за етика во медиумите, на која присуствуваа новинари и граѓани.

„Конечно, властa почна да ја препознава важноста на саморегулацијата, но знаеме да се соочиме со ситуации во кои се’ уште предност и’ се дава на регулативата, а не на саморегулацијата. Ни се случува да сме цел на напади или пофалби од политичари, институции или организации, но и од медиумите. Се разбира, никој не сака да биде на тапет поради својата непрофесионалност, но мораме да продолжиме да работиме таа да се намалува. Примарна одговорност на новинарството е да создава и одржува критичка јавност и да се придржува до стандардите на професионалност“, рече Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ.

Најголемите нарушувања на Кодексот на новинари, регистрирани од Комисијата за жалби при СЕММ, се поврзани со недоволната проверка на информациите, односно отсуството на различни извори на информации, мешањето факти и мислења, вести со коментари, нарушување на приватноста и дискриминацијата по различни основи.

„Саморегулацијата не значи само почитување на стандардите од Етичкиот кодекс, туку и почитување на правото на јавноста да знае, односно да ги добива информациите брзо и точно, но за тоа е потребна и брза реакција на институциите, со цел да се намалат негативните трендови во новинарското известување“, истакна Лилјана Пецова – Илиевска, член на Комисијата за жалби.

Во периодот што следува СЕММ ќе работи на ажурирање на своето членство, како и подготовка на регистар за професионални онлајн медиуми кои се обврзале да ги почитуваат стандардите на професионалност, како и критериумите за прием во СЕММ.

Денешната дебата беше организирана во рамки на Регионалната програма „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за развој на МИП во земјите од Западен Балкан”. а се спроведува со поддршка на Европската Унија од партнерските организации: Медиацентар Сараево, Албанскиот институт за медиуми, Македонскиот институт за медиуми, Црногорскиот институт за медиуми,Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Мрежата за професионализација на медиумите во ЈИЕ.

НАЈНОВО

Вредностите што ги рефлектира Македонија ја направија да биде важен играч на меѓународната сцена

December 2, 2023

Ковачевски: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

December 1, 2023

Костадиновска-Стојчевска: Ја усогласуваме законската регулатива, за подобра заштита на културното наследство

December 1, 2023

НАЈЧИТАНО

  • „Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски медиуми снесле јајце со ликот на Лавров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невиден срам за „медиумските ловорики“ по пресот на Лавров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лавров, седнат на бајонет, цинично и бездушно расправа за „колективниот Запад“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оставете го Лавров на мира!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk