Христијан Мицкоски по секоја цена се определи за Никола Груевски и не се огради од неговите криминали. Напротив, и натаму останува посветен на одбраната на криминалот на одбрана на режимот, изјави на денешната прес конфернција Стефан Васев од СДСМ.
„Најавата за бришење на функцијата почесен претседател, без осуда, без оградување од криминалот на Груевски е уште еден прочитан блеф на Мицкоски. Блеф е и наводната продажба и донирање на парите од продажбата на белиот дворец зад мене изграден за време на најголема сиромаштија. Криминално стекнат имот не може да се донира“, рече Васев.
Васев рече дека Мицкоски се опкружи со луѓе од режимот меѓу кои и исцелител, но и човек кој јавно на телевизија навредуваше пратеници на СДСМ и бранеше насилници кои упаднаа во Собранието.
„Александар Климовски, стратешкиот советник на Мицкоски, во директен пренос додека траеше упадот во Собранието, безобразно ги навредуваше пратениците на СДСМ и претседателот Заев. Со такви ликови, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се борат само за обнова на режимот, заробената држава и груевизмот. Лажните преродби и обнови се стариот крив пат на Груевски и Мицкоски. Членството во НАТО и ЕУ и враќањето на парите назад кај граѓаните е правиот пат. Мицкоски може да се сили колку сака. По неколку изборни порази тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ можат да се подготвуваат за нов пораз на наредните избори, кога и да се одржат тие, изјави Васев.