Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Париз во однос на проширувањето на ЕУ, изјави:
– Франција како и другите членки на ЕУ гледа на приближувањето на земјите кон Унијата од регионален аспект. Во тој регионален контекст јасно е дека има разлики меѓу земјите. И постои еден општ проблем, а тоа е проблемот со правната држава.
– Важно е да се направи споредба и да се соочат мислењата на сите држави членки во врска со оваа проблематика и да се направи чекор напред, бидејќи посакуваме целиот регион да направи чекор напред и тоа ќе претставува вистинската европска интеграција. Може да речеме дека засега разговорите се во тек, рече Тимоние.
Најнапред, додаде францускиот амбасадор, треба да ги знаеме мислењата на сите партнери.
– Ние одблиску ја следиме состојба во Северна Македонија, развојот на настаните особено донесувањето на законот за јавно обвинителсто. Останува уште една недела. Се разбира дека ако има согласност тоа ќе биде позитивен елемент, рече Тимоние.
извор: МИА