ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Времената суспензија на Ременски и дава можност да не ја користи својата партиска и политичка моќ при докажувањето на својата невиност

October 11, 2019 16:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во праксата демократските партии водени од потребата сите да бидат еднакви пред Законот, а истовремено верувајќи во презумпцијата на невиност се поставуваме вистински, демократски, како што заслужуваат граѓаните за кои постоиме како партија и како политичари, а тоа е донесување времена суспензија додека некој ја докажува својата невиност. Фросина Ременски е член на Централниот одбор и на Извршниот одбор на СДСМ и од тој аспект суспензијата и дава можност да не ја користи својата партиска и политичка моќ при докажувањето на својата невиност“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Верувам, посочи, во нејзината невиност, верувам во презумцијата на невиност, но сум јасен, тоа треба низ судски процеси секако да се докаже, односно сомневањето кон неа како и кон сите други треба Обвинителството да ги докаже, затоа што така е поставен нашиот систем.

„Верувам дека и Фросина тоа ќе го докаже, тогаш вратите се повторно широко отворени да се врати во органите и телата на СДСМ“, додаде Заев, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на државната награда „11 Октомври“ во Собранието.

На прашање дали го дели ставот со партискиот функционер Зоран Верушевски по вчерашниот исказ во судот дека не е повеќе Сашо Мијалков најодговорниот човек за прислушувањето, туку Никола Груевски, кој е во бегство и како гледа на тоа нивно пријателство во судницата да нема многу меѓусебе прашувања и потпрашувања, Заев рече дека професорот Зоран Верушевски е негов советник, дека е голем пријател со него и многу го почитува заради храброста, важноста, заради тоа што трпело неговото семејство.

„Ги потврдувам само фактите кои се факти и како и да бидат кажани тие не ја менуваат својата суштина, вистина и основаност. Токму е времето на Груевски во кое се случуваше ваквата узурпација на човекови слободи и права преку преслушување на повеќе од 20 илјади народ, преку барем обезбедени повеќе од едем милион разговори и пораки. Тоа кое исто така е недвосмислен факт е дека шеф на државната безбедност во тоа време бил Сашо Мијалков и тука нема бегање. Секој со својата одговорност, тој што бил премиерот и како тоа го насочувал и го правел, си ја носи својата одговорност, но и тој што ја водел УБК и кој овозможил да бидат ставени на слушање толку многу граѓани треба да си ја носи својата одговорност“, рече Заев.

Додаде дека токму филозофијата на потврдувањето, кој е всушност корисникот на тие податоци, за кој се создадени тие податоци, таа е пораката која професорот Верушевски ја испрати преку судскиот процес.

извор МИА

Next Post

Иглата, новиот симбол на Штип, град на текстилот

НАЈНОВО

Ако и по вториот круг не се изврши избор на градоначалник Владата именува повереник

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk