ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Царовска: Се создава квалитетен социјален дијалог, добар за сите и носи прогрес на државата

October 12, 2019 21:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Северна Македонија почнува да се создава вистински социјален дијалог од кој можеме да очекуваме прогрес во делот на политиките за трудот што ќе биде добар за сите, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на денешната панел-дискусија „Синдикално здружување во минатото и сега“ на Текстилијадата во Штип.

Според министерката, во минатото синдикалните организации биле само фигура и не носеле одлуки, и за нив тоа го правела државата, но сега има процес во кој работите се изменети.

-Синдикатите кои се гласот на работниците се вклучени во создавањето на сите закони кои ги засегаат работниците и за истите се води здрав дијалог. Во овој дијалог се вклучени и работодавачите и државните институции и експертите, и ова навистина ме радува. Во завршна фаза е креирањето на целосно нов закон за работни односи и Владата нема да го усвои се додека не се постигне договор за отворените прашања којшто ќе биде во интерес на сите, истакна Царовска.

Потенцираше дека преку дијалог со работниците оштетени во процесот на транзицијата, се постигна денеска да има 11.000 стечајци кои се материјално обезбедени со месечен надомест до нивно пензионирање. Со новиот закон што неодамна го усвои Владата, таа вели дека нивната бројка ќе се зголеми на 12.000.

– Во преговори сме и за зголемување на минималната плата и тоа наскоро ќе се случи. Барањето произлезе од синдикатите, и низ конструктивен разговор со работодавачите можам да кажам дека сме блиску до договор, рече Царовска.

Генералниот секретар на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство, Маре Анчева забележа  дека 200.000 работници годишно потпишуваат договори на определено време, но работодавците наместо во утврдениот законски рок да им го трансформираат работниот однос на неопределено, со години ги вработуваат на овој начин. Во новиот закон бараат да се органичи бројот на работници на определено работно време кај еден работодавач Од синдикатот за индустрија, енергетика и ридарство велат дека има фабрики со илјадници работници, кои вакви договори склучуваат на еден, два или три месеци. Смета дека на овој начин работниците се несигурни и ова е една од причините што тие од страв не се и синдикално организираат.

Работодавците на денешната дебата за новиот закон за работни односи на третата Текстилијада сметаат дека и стариот закон не е толку лош, но од новиот очекуваат допрецизирања во одредени делови, бидејќи секој си дозволува различно да го толкува, а посебно при судските одлуки. Ангел Димитров од   Организација на работодавачи е  против злоупотребата на работничките права во одредени фирми, а веќе какошто вели фирмите се и под притисок на странските партнери ова да го анулираат.

На третата Текстилјада во Штип во организација на Гласен Текстилец-Штип  на отворените дебати на коишто првпат присуствуваат сите засегнати страни, беше потенцирано дека дијалог мора да има, со цел да се анулираат злоупотребите на работничките права, а како едно од решенијата беше посочено и зајакнување на капацитетите на Трудовиот инспекторат.

Извор: МИА

Next Post

Сончево со слаб ветер, температурата до 28 степени

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk