пишува: ПЕТАР БОГОЈЕСКИ
Главен аргумент на господин Мицкоски со кој докажува дека се откажал од “груевизмот”, бил фактот што не му се приближувал на 5км на господин Груевски и не пиел кафе со него! Замислете, ова бил главниот аргумент! И тоа пред странците!?!
*Што Ти згрешивме Господе?!?
Господин Мицковски, Вие можете секој ден да си пиете кафе со господин Груевски, да си беседите на телефон 24/7. Тоа е Ваша работа и нас тоа не не интересира! Ние зборуваме за “груевизмот”, а не за лицето Груевски. Груевски не е “груевизмот”, туки политиките, начинот и методите на водење на партијата и државата! По мое длабоко убедување, господин Груевски беше само извршител во системот на “груевизмот”! Друг беше мастерот!
Господине Мицкоски, прашањето е кога ќе се откажете од политиките на “груевизмот”? Кога ќе се откажете од привилегиите кои Ви ги остави во наследство тој “груевизам”? Кога од начинот на раководење со партијата, преку прогласување на платеници и предавници, преку уништување на човечки судбини, газење преку лешеви, само и само да се докопате до гола власт! Толку ли Ви е мила таа пуста власт?!? Таа пуста функција?!? Кога ќе се откажете од двете “дувла” во мермерната палата и она “руското дувло” на екипата од Агенција за разузнавање?!? Кога ќе се откажете од намерата да ширите лажни вести, преку стотиците лажни сајтови, блогови, ботови на социјалните мрежи, кои Ви ги остави “груевизмот” на располагање? Или од злоупотребата на мноштвото “медиуми”, кои патем речено имаат газда од Унгарија?!? Кога ќе се откажете од заканите и уцените кон Вашите неистомисленици или сопартијци кои различно размислуваме?!? Кога ќе престанете да ги “мотивирате” одредени “новинари” да уништуваат се што ќе Ви застане на патот, а да ја прават грда сликата за новинарството во земјава? Кога ќе се откажете од кадрите на “груевизмот”, кој се буквално 90% од Вашиот тим?!? Кога ќе престанете да правите слики со странци по ходници, а тоа да го прикажувате за “меѓународна поддршка” на Вашите политики за реставрација на истиот тој “груевизам”?
Овие работи се “груевизам”, а не Никола Груевски! Ние зборуваме за вредности и принципи, а не за личности!
За вакво откажување од “груевизмот” зборуваме господине Мицкоски!
Касно е сега да станувате реформатор! Тој воз одамна замина! Не можете преку преземање и промоција на агендата на реформаторите, преку некоја шминка, наречена демек измена на Статут или преку лажна вест за продажба на мермерната палата, која е замрзнат имот и не може да се продава, да бидете реформатор!
Реформите во ВМРО ДПМНЕ се суштествен процес!
Дегруевизација на партијата, Вие едноставно не можете да направите. Од тука и огромното разочарување на граѓаните и членовите од Вас, господин Мицкоски!
Тој процес ќе го направи следната генерација раководители на ВМРО ДПМНЕ!
Вие ја пропуштивте Вашата шанса!
Возот замина!
Замина кон Европа, Вие останавте во минатото!
П.С. Помалку да се правдате пред странците, повеќе да покажете на дело пред граѓаните!