ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борбата против сиромаштијата, пред се во раниот развој на децата, приоритет на Владата

Ајде целосно да се посветиме како регион, да ја искористиме енергијата што ја имаме и искуствата и заеднички да создадеме држави на благосостојба на кои сите заедно ќе бидеме горди, повика на конференцијата министерката за труд и социјална политика Мила Царовска

October 14, 2019 13:56
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

 Борбата против сиромаштијата и нееднаквоста во општеството е врвен приоритет на Владата и во таа насока е и воведувањето на политики со кои ги враќаме парите.

Ова го истакна во обраќањето премиерот Зоран Заев, на денешната регионална конференција за ефективна социјална заштита по повод Меѓународен ден за борба против сиромаштија, на која се обрати и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Говорејќи дека приритет останува концептот за еднакво и правдено општество за сите, тој се осврна на политиките со кои граѓаните веќе земаат социјална помош повисока во просек за 300 проценти, за зголемената минимална плата, што е изедначена во сите сектори. Благодарение на овие решенија, подвлече Заев, 50 илјади работници од трудоинтензивните индустрии добиваат повисоки плати.

– Работиме на ново покачување на минималната плата. Ако дијалогот заврши вечерва или утре од сабајле, веројатно и утре тоа ќе го објавиме, рече премиерот Заев. Меѓу другото, потсети дека и на 11 илјади стечајци им е излезно во пресрет, а се дава шанса и на постарите за кои е воведна државната социјална пензија.

Конечната цел во борбата против сиромаштијата, истакна премиерот Заев, е никој да не биде запоставен. Благодарение на посветената работа на Министерството за труд и социјална политика, имаме резултат вложување во раниот детски развој и политиките за намалување на детската сиромаштија за да се овозможи еднаква шанса за секое дете.

– Ајде целосно да се посветиме како регион, да ја искористиме енергијата што ја имаме и искуствата и заеднички да создадеме држави на благосостојба на кои сите заедно ќе бидеме горди, повика на конференцијата министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Вложуваме најмногу во децата, нагласи Заев и повтори дека главна цел на социјалната реформа што се прави во изминатите две години е инвестиција во луѓето и темелни општествени промени.

-Последните две години направивме социјална реформа што го менува начинот на кој се грижиме за најсиромашните и поставуваме нов стандард. Денес повеќе од 30 илјади домаќинства добиваат гарантиран приход и повеќе од 22 илјади деца добиваат детски додаток. Поставивме нов стандард во социјалната заштита, за услуги, за извлекување од сиромаштија на децата затоа што не смее да се пренесува сиромаштијата од генерација во генерација. Ќе видите дека и поставеноста на законите за детска и социјална заштита кои беа усвоени средината на годинава, покажуваат дека најголема инвестиција имаме во децата за да можеме тој потенцијал да го оствариме во нашата држава, појасни Царовска.

За Марко Мантованели, претставник од Светска банка за нашата земја и за Косово, круцијално е политиките да ги поддржат ранливиот сектор од пополуацијата. Тоа не се само сиромашните, туку и оние, како што рече, на кои влијаат и шоковите кои се случуваат во здравството и во економијата.

– Политиките треба да бидат мултисекторски и со таргети, бидејќи ресурсите се лимитирани и затоа е важно политиките ефективно да ги досегнат најсиромашните, но и да обезбедат поголем дел од бенефициите за оваа популација, изјави Мантованели.

Патриција Ди Џиовани од УНИЦЕФ истакна дека Владата навистина покажала посветеност во справување со овој предизвик, особено во борбата со сиромаштијата во раниот развој на децата. Упати апел да се фокусираме на акција, како што подвлече, со цел да направиме промени за децата.

На новинарско прашање колку лица ја користат можноста да се пензионираат на 67 години во насока на новиот предлог-закон, Царовска информира дека предлогот доаѓа од група пратеници, а би требало да оди како пакет закони.

– Бројот не е голем за да може да има финансиско оптоварување, но секако на овој начин се дава можност за вработување на млади лица од една страна, а од друга страна во Законот за работни односи се регулира така што  работодавачот ќе може да се договори со работникот доколку тој е продуктивен и двајцата имаат интерес и понатаму и после 67 години да продолжи, а тоа ни се случува во многу сектори да има одредени кадри што се бараат, изјави Царовска

На прашањето дали ќе важи само за јавниот сектор, министерката Царовска одговори дека бизнис секторот нема потреба да не го продолжува работниот однос за кој има потреба.

– Јавната администрација со години се обидуваме да ја реформираме и да ја ослободиме. Со ова мислам дека добиваме дополнителна стартна позиција да и младите кои се кадарни и имаат капацитет и квалитет влезат во неа, а оние повозрасните да се пензионираат. Во бизнис секторот доколку компанијата има потреба да ја зголеми продуктивноста со одредено возрасно лице, може да остане во компанијата, појасни таа.

Премиерот Заев дополни дека кога Предлог-законот ќе дојде за мислење во Владата, ќе се направат анализи на колку лица се однесува.

Извор: МИА

Next Post

Затвореник од „Идризово“ избегал од возило со кое бил транспортиран на Клиника, полицајците суспендирани

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk