ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потребни се глобални напори за ослободување на притворените деца

Студија на ОН покажува дека најмалку 1.5 миллиони деца се затвораат секоја година

October 14, 2019 09:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нова глобална студија за деца лишени од слобода треба да ги поттикне земјите членки на Обединетите нации да преземат чекори за драстично намалување на бројот на деца кои се притворени или затворени, смета група на 170 невладини организации.

Манфред Новак, независен експерт на Обединетите нации, ја претстави Глобалната студија на ОН за деца лишени од слобода пред Генералното Собрание на ОН во Њујорк, на 8 октомври, 2019 година.

„Децата често се незаконски притворени, безпотребно и по цена на нивното здравје и иднина“, изјави Алекс Камаротос, директор на Одбрана за деца и ко-претседавач на невладината организација Панел за глобалната студија за деца лишени од слобода. „Глобалната студија треба да ја потстрекне секоја земја да усвои нови политики и практики за драматично намалување на бројот на деца кои се затворени“.

Студијата ја испита состојбата со децата – секое под 18 годишна возраст – кои се приведени во администрацијата на правдата, во имиграциски притвор, во сиропатилишта и други институции, деца кои живеат во затвор заедно со своите старатели и кои се притворени во контекст на вооружен конфликт и национална безбедност. Проценката на Глобалната студија дека најмалку 1,5 милиони деца се лишени од слобода, најверојатно претставува помала бројка од вистинската, поради нееднаквото прибирање на податоци и известување.

Некои од клучните наоди на студијата се:

  • Најмалку 410,000 деца се држат во затвори секоја година, каде насилството е „ендемично“. Многу од нив се обвинети за „статусни прекршоци“ што не претставуваат прекршоци за возрасните лица, како што се бегање од часови, непослушност и малолетничко пиење;
  • Иако експерти на ОН имаат заклучено дека притворањето на деца од миграциски причини никогаш не може да биде во најдобар интерес на детето, најмалку 330,000 деца во 77 земји се држат во миграциски притвори секоја година;
  • Иако помеѓу 430,000 и 680,000 деца се сместени од страна на судските власти во институции кои ја задоволуваат правната дефиниција за лишување од слобода, сепак, се смета дека вкупниот број на деца во институциите изнесува 3,5 до 5,5 милиони;
  • Деца со посебни потреби се значително повеќе застапувани во притворите, во контекст на спроведување на правдата и институциите; и
  • Бројот на деца притворени во контекст на вооружен конфликт и национална безбедност се има мошне зголемено, поттикнато од агресивни мерки против тероризмот, кои вклучуваат притвор и гонење на деца за онлајн активности, вклучувајчи објавувања на Фејсбук и Твитер.

Студијата покажува дека лишувањето од слобода ја влошува постоечката здравствена состојба на децата и може да предизвика нови здравствени проблеми, како анксиозност, депресија, самоубиствени мисли и посттрауматски стрес. Психичките нарушувања кај децата во притвор може да се зголемат десетократно за време на притворот, а притворот е во корелација со раната смрт кај децата откако се ослободени.

„Притворот е фундаменатлно штетен за децата, но сепак многу земји го користат како прва реакција на тешките околности, наместо како последна“, вели Џо Бекер, директор за застапување на правата на децата при Human Rights Watch и ко-претседавач на невладиниот Панел „Владите треба да инвестираат во алтернативи кои не само што ги штитат правата на децата, туку и создаваат многу подобар исход за децата, фамилиите и општествот во целост.

Новак најде некои области во кои има напредок, вклучувајќи го и намалувањето на бројот во некои земји на деца во институционална грижа или притворени во кривичниот систем на правда. Најмалку 21 влада изјавија дека не приведуваат деца поради миграциски поврзани причини. Некои земји имаат усвоено формални протоколи за да избегнат приведувања на деца во контекст на вооружен конфликт. Невладините групи ги повикаа сите држави да ги разгледаат добрите практики документирани во студијата и истите да ги прилагодат.

Новак даде препорака земјите „нај ригорозно“ да ја применат Конвенцијата за правата на детето, според која се бара лишувањето од слобода да се применува само како крајна мерка во исклучителни случаи. Тој повика земјите да ги „направат сите напори“ за значително намалување на бројот на деца кои се држат во притвори и за спречување на лишувањето од слобода  пред истото да се случи, вклучувајќи и третирање на основните причини и патиштата што водат до лишување од слобода на систематски и холистички начин“.

Студијата беше иницирана со резолуција на Генералното собрание на ОН донесена во декември 2014 година. Наодите се базираат на 12 регионални и тематски консултации, прашалници со кои се бараат податоци од секоја земја членка на ОН, сеопфатни прегледи од литература по предметот и дополнително истражување од страна на еспертски групи. Покрај тоа, студијата консултирање 274 деца и млади возрасни лица – 204 машки лица и 70 женски лица – на возраст од 10 до 24 години и нивните мислења и перспективи се дел од наодите.

Невладиниот панел за Глобалната студија за деца лишени од слобода е основан во 2013 година и вклучува 170 локални, национални и меѓународни невладини организации ширум светот. Панелот учествуваше во студијата и ги координира напорите на невладините групи за спроведување на своите наоди.

Членовите на невладинината организација Панел ги повика владите да ги спроведат препораките на Глобалната студија. Овие вклучуваат прибирање на доверливи и систематски податоци за деца лишени од слобода и создавање национални акциски планови насочени кон намалување на бројот на деца во притвор и/или елиминирање на притворот за деца. Членовите на невладината организација Панел, исто така, бараат Генералното Собрание формално да назначи субјект на ОН за водење на понатамошните напори.

извор: Human Rights Watch

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

За туристите во Албанија ставени во функција 36 летни здравствени амбуланти

June 3, 2025

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

June 3, 2025
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО. Генерирана со ВИ

    Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УКИМ отпадна од листата 2.000 најдобри универзитети во светот според CWUR

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk