ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Македонски интелектуалци со отворено писмо до Макрон: Вашата блокада е некоректна, нечесна и опасна

Се плашиме дека многу скоро, ќе се отвори прашањето дали всушност и повторно Франција е инструментализирана токму од Грција, а со тоа ќе се доведе под знак прашање токму Преспанската спогодба зад која и Вие лично застанавте

October 15, 2019 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се плашиме дека многу набргу, ќе се отвори прашањето дали всушност и повторно Франција е инструментализирана токму од Грција, а со тоа ќе се доведе под знак прашање токму Преспанската спогодба зад која и Вие лично застанавте.

Почитуван  Претседателе,

Г-не Макрон,

Ние како група македонски интелектуалци, вистински поддржувачи на системот на вредности врз кои што се темели Европската унија, би сакале да Ви укажеме дека блокирањето на процесот на евроинтеграции на нашата држава само од страна на Франција,   е некореткно и нечесно и во голема мера опасно. Со огромен напор и учество на голем број граѓани нашата држава успеа да излезе од рамката на затвореното општетсво. Со уште поголем напор и по цена на големи внатрешни превирања   изврши уставни измени со што се преименува од Република Македонија во Република Северна Македонија, прифаќајќи преседан дотогаш невиден во историјата на меѓународното право, и нешто што како услов Европската унија го нема поставено спрема ниту една од земјите членки при нивниот прием. Меѓу другото искрено прифаќајќи ги Вашите сугестии упатени до нашите граѓани на 22.09.2018 година, на само неколку дена пред референдумот, верувајќи Ви како на Претседател на земја која на светот му ги подари француската револуција и Liberté, égalité, fraternité.

 Потписниците на ова писмо искрено ја посакуваа Вашата победа на изборите, водени од   Вашиот систем на вредности кој го прокламиравте пред јавноста, Вашата цел за унапредување на ЕУ, човековите права и слободи. Во секоја држава, па и во Франција постојат сериозни сили кои посакуваат крај на обединета Европа, шират ксенофобија и ги повикуваат сеништата кои ја втурнаа Европа во Првата и Втората светска војна. Истото е можеби поизразено кај нас, како земја која неполни 30-триесет години практикува граѓанско-демократски систем на функционирање. Факт е дека, господине Макрон, нашите институции не се на ниво на европските, дека во многу сегменти заостануваме зад европските стандарди, меѓутоа, би сакале да ве потсетиме дека како држава која произлезе од распадот на СФР Југославија, нашата јужна граница и пристапот на море ни беше блокиран од страна на Грција, што секако е спротивно на сите акти на Унијата и принципите на меѓународното право. Исто така, Македонија го почитуваше ембаргото кон остатокот на Југославија кој го наметнаа ЕУ и ОН, што заедно со економската блокада од Грција многу придонесе за наша економска стагнација и пад на животниот стандард. Сепак, мнозинството наши граѓани упорно опстојуваат на ставот дека ЕУ беше и останува наша стратешка определба.

Господине Макрон, Вашиот амбасадор во Република Северна Македонија, неговата Ексцеленција, господинот Тимоние, излезе со соопштение дека нашата држава и процесите во неа се контролирани од 10-ина семејства и дека такви земји не се пожелни во ЕУ. Голем дел од Потписниците на ова писмо се согласуваат со оваа констатација, меѓутоа, не сме сигурни дека знаете дека Вашата блокада всушност ќе ја зацементира позицијата на овие 10-ина семејства, а ќе биде нож во грбот на сите правдољубиви и слободоумни граѓани кои искрено ги почитуваат европските вредности, морални норми и стандарди и се обидуваат да изградат систем во кој токму овие вредности ќе бидат вгардени во политичките и правни темели.

Од друга страна, може да се каже дека Грција е заложник на помалку од десет големи семејства, па сепак е пожелна за ЕУ. Се плашиме дека многу набргу, ќе се отвори прашањето дали всушност и повторно Франција е инструментализирана токму од Грција, а со тоа ќе се доведе под знак прашање токму Преспанската спогодба зад која и Вие лично застанавте.

Независно од тоа, ние остануваме доследно и автентично посветени на ЕУ вредностите и нивната имплементација во нашата држава, меѓутоа тоа може да влијае на желбата на граѓаните и понатаму да бидеме перцепирани како дел од франкофонијата.

Александар Тортевски
Мирјана Најчевска
Марко Дамевски
Татјана Олумчева
Самуил Стојановски
Виктор Стевиќ
Сенад Аруч
Виолета Димитровска

*Писмото на француски јазик ќе биде доставено и до француските медиуми.

Извор: Фокус

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk