Владата одлучи, минималната плата ќе изнесува 14.500 денари за сите вработени во земјава од сите дејности.
Одлуката ја соопшти лично премиерот Зоран Заев, по средбата со претставници на коморите, синдикатите и работодавачите, каде учествувале и министри од Владата.
Дел од консултативната средба на крај беше отворена и за јавноста. Оваа покачување е за 2.500 денари повеќе од актуелната минимална плата или 5.500 денари повеќе од 2016, кога изнесуваше 9.000 илјади или 12.000 денари во 2017 година.
„Ја потикнуваме спиралата на раст на сите плати и со другите мерки и растот на просечната плата. Ова ни дава право да бидеме оптимисти дека до крајот на мандатот ке ја постигнеме целта, просечна плата 30.000 денари”, изјави Заев.
Министерката за труд и сицијална политика Мила Царовска рече дека важно е што оваа одлука се донесе преку социјален дијалог.
Арбен Зеќири