Медуза ја организира првата Школа за феминистичко пишување и критика, која ќе биде составена од 10 обуки, распределени низ 5 месеци, започнувајќи од 16 ноември.
Школата има за цел да ги подготви учесничките и учесниците за информирано пишување и успешно користење на социјалните медиуми и други дигитални алатки за пласирање содржини во областа на феминизмот и женските права.
Програмата ќе биде поделена на две целини: теоретски и практичен. Во теоретскиот дел фокусот ќе биде на основните феминистички теории, историјата на женското движење и клучни концепти кај родовите науки, а фокусот на практичкиот дел ќе бидат техники и методи за пишување и развој на дигитални вештини за пласирање содржини на социјалните медиуми.
Обуките ќе ги водат теоретичарки, професорки, феминистки со стручно познавање на темите и обемно искуство во полињата во фокус на школата, а за времетрањето на школата, учесничките /ците ќе имаат можност за практична работа, соработка со авторките на Медуза, како и вклучување во тимот на Медуза преку креација и објавување на содржини и по завршување на школата. Програмата е наменета за девојки и жени, како и за сексуални и родови малцинства.
Школата за феминистичко пишување и критика: Фем 101 е дел од проектот за Елиминација на родовата нееднаквост преку институционални и дигитални интервенции, поддржан од фондацијата Kvinna till Kvinna, а реалициран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права и феминистичката платформа Медуза.
А. Петровска/ЦИВИЛ