ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За Каракачанов бугарските војници биле ослободители, а не окупатори

Една од најголемите нелогичности од денешната изјава на Каракачанов е дека не требало да се празнува 11 Октомври, туку 20 април 1941 година, кога Бугарија „ја ослободила“ Македонија

October 17, 2019 10:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Красимир Каракачанов, ноторен негатор на македонскиот национален идентитет, претседател на бугарската партија ВМРО-БНД и бугарски вицепремиер и министер за одбраната, вчера во изјава за медиумите во Владата на Бугарија, порача дека Македонија греши со прославувањата на 11 Октомври, Ден на народното востание, и наместо тоа требало да се празнува 20 април 1941 година, кога, како што вели „целиот народ со леб и сол и биење на камбаните ги пречекувал бугарските војски“, пренесе МЕТА.

– Што празнуваат  – востанието против бугарскиот фашистички оператор? А што се случува тогаш? Една група млади комунисти со пароли „Да живее Сталин“, „Да живее Црвената армија“ напаѓаат полициски участок, убиваат еден полицаец, рануваат друг. Тоа им е национален празник. Зошто не го празнувате 20 април 1941 година, кога целиот народ ги пречекуваше со леб и сол и црковни камбани бугарските војски? Не го празнуваат денот во којшто ги ослободивме од српското ропство, кои им ги беа смениле имињата, забрануваа да се нарекуваат Бугари, па и Македонци, ги превртуваа плочите на нивните татковци, за да не се гледа дека пишува на бугарски. Ги нарекуваа Јужни Срби, ги убиваа со митралези. Е тоа тие го заборавија  – дека доаѓа бугарската армија во 41-ва година и ги ослободува – рече, меѓу другото, Каракачанов.

Огромен дел од тврдењата на Каракачанов може слободно да се именуваат невистинито претставување на состојбата и на фактите. Еве зошто!

За почеток, 11 Октомври е државен празник во Македонија со кој се одбележува почетокот на организираниот отпор против фашистичка Бугарија и нацистичка Германија, односно првата покрупна акција на герилска војна против бугарската окупациска власт. Но акции од помал обем се случувале и претходно. Отпорот понатаму, се омасовува и се случуваат уште многу други акции и битки до крајот на Втората светска војна. Што би се рекло, Македонија празнувајќи го почетокот на борбата против окупаторот Бугарија, која во Втората светска војна е дел од Оската, ја одбележува целата борба за ослободување на македонскиот народ.

Една од најголемите нелогичности од денешната изјава на Каракачанов е дека не требало да се празнува 11 Октомври, туку 20 април 1941 година, кога Бугарија „ја ослободила“ Македонија.

Извор: МЕТА

Next Post

Стотина социјално загрозени семејства од Кавадарци добија прехранбени пакети 

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk