Премиерот Зоран Заев, кој е во Брисел, каде што се одржива ЕУ самитот на кој, меѓу многуте теми на кои разговараат лидерите на државите членки, како што е и Брегзит, ќе се одлучува и за почеток на датумот за преговори за членство во Унијата, објави видео порака:
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2370367906613442/?v=2370367906613442
Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме, а од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни.
Никој не може да не спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме – патот на раст на платите, патот на борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето, патот на социјална заштита на ранливите, патот на градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин.
Почитувани граѓани, стануваме членка на НАТО, што беше наша стратешка цел од независноста до денес. Јасно е дека Балканот се промени и дека станува извор на стабилност. ЕУ добро го знае тоа и мора да прифати дека и Балканот е европски. Остануваме посветени и со работа докажуваме каде ни е местото.