Во соопштението од канцеларијата за информирање на Движењето Беса, по повод Самитот во Брисел и веста дека С. Македонија не доби датум за Преговори со ЕУ, укажуваат дека негативниот одговор за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, уште еднаш го потврдува неуспехот на оваа Влада. Иако оваа влада дојде со многу ветувања, таа не остварува скоро ништо и ја испраќа земјата многу чекори назад.
„Движењето БЕСА неодамна предупредуваше дека не е доволно сторено за ние да добиеме датум за почеток на преговорите. Од денес, земјата е во длабока криза, а надминувањето на оваа криза се решава со колективна оставка на овоа влада и земјата што е можно поскоро да оди на предвремени парламентарни избори.
БЕСА, иако опозициската партија, постојано ги повикуваше институциите на ЕУ при нивната одлука за земјата да се движи понатаму кон ЕУ, да ја земат предвид евроатлантската ориентација на граѓаните на Северна Македонија, без оглед на нивната етничка припадност. Но, се чини дека уште еднаш неуспесите на владата беа далеку поголеми од подготвеноста на некои европски земји за да не примат во ЕУ.
Длабоката криза во која е Северна Македонија во пресрет на последниот неуспех на оваа влада, најдобро ја покажува поканата на претседателот на државата за лидерска средба во недела. Движењето БЕСА својот став за излегување од кризата, исто така ќе го претстави на состанокот на лидерите и ќе повика на предвремени парламентарни избори.“, истакнуваат во соопштението за медиуми од Движењето Беса.