ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев размислува за оставка, во тек е координација во СДСМ

Борисов го разубедувал Заев зашто има уште многу работи да се направат, а одложувањето од неколку месеци не е вечност во тој процес

October 18, 2019 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Зоран Заев / фото: Б. Јордановска

Зоран Заев / фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот премиер Зоран Заев сериозно размислува да си поднесе оставка откако веќе е речиси сигурно дека нема никакви шанси земјава да добие датум за преговори со Европската унија на самитот на шефови на земјите-членки што завршува денеска, брифираат дипломатски извори за Фокус.

Според нив, Заев бил крајно разочаран од негативниот епилог во Брисел, кој, според него, не ги валоризирал компромисите при решавањето на соседските спорови и напредокот на реформски план.

Неофицијално, како што пишува Фокус, во тек е координација во СДСМ на целокупниот партиски врв, чии претставници се против ваквото сценарио и се обидуваат да го спречат и разубедат Заев да се повлече премиерската позиција.

Висок партиски функционер на СДСМ ни изјави дека засега нема ништо конкретно во однос на оваа тема и рано е да се каже било што, меѓутоа не ја отфрлува оставката на првиот човек на партијата и владата како можност што може да се следува.

Во меѓувреме, се појавија информации дека ќе се повлечат и други членови во владата кои водат ресори поврзани со надворешната политика и евроинтеграциите.

Новатв.мк пак пишува дека бугарскиот премиер Бојко Борисов го советувал премиерот Зоран Заев да не поднесува оставка ако сега не биде донесена одлука за почеток на преговорите со ЕУ, зашто има уште многу работи да се направат, а одложувањето од неколку месеци не е вечност во тој процес.

– Јас разговарав со Заев и мојот совет до него беше да не си поднесува оставка зашто заврши многу работа и има уште многу што да се направи. Ништо не е завршено, туку е одложено. Едоставно е одложено за време на претседавањето на Хрватска. Фактот што не се договоривме да има пишани заклучоци од состанокот кажува дека огромното мнозинство од државите на ЕУ се за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, изјави денеска Борисов пред продолжението на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Next Post

Австриската канцеларка разочарана од дебатата за проширување на ЕУ

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk